„1 банана, 1 пакетче бисквити и крем сирење- Цела недела го правам за десерт и едноставно не здосадува“
Денес на менито ви го претставуваме овој уникатен рецепт за бисквитен десерт, за кој не е потребно печење, се подготвува многу брзо, а на вкусот ќе посакате да му се насладувате вечно!
Бисквитен ролат со крем сирење и банани
Потребни состојки
- 9 големи меки бисквити
- 250 гр крем сирење
- 1-2 банани
- 4-5 супени лажици шеќер во прав
- 1 мало пакетче мек путер
- 1 пакетче ванилин шеќер
За глазурата
- 3 супени лажици шеќер во прав
- 1 супена лажица какао
- 50 гр стопен путер
- 2 супени лажци пресно млеко
- Кокосови трошки за декорација
Начин на подготовка
Во сад додадете го крем сирењето, мекиот путер, шеќерот во прав и ванилата и користејќи вилушка, добро измешајте ги состојките заедно до добивање соединет крем со мазна текстура.
На работната површина поставете проѕирна фолија.
Потопете ги бисквитите една по една во млекото и поставете ги на фолијата, на 3 реда по 3 бисквити. Доколку користите мали бисквити, едноставно зголемето го нивното количество.
Одозгора нанесете го готвиот крем и добро порамнете со шпатула. Во средина поставете ја излупената банана, а доколку е потребно, додадете и втора банана.
Сега внимателно кренете ги краевите на двата крајни бисквитни редови и придвижете ги кон средината, додека самите си помагате со фолијата и притиснете така што ќе создадете нешто слично на пирамида или триаголник, гледано од напред.
Со рацете добро обликувајте ја формата на уникатниот ролат, следно завиткајте го во фолија и складирајте го во ладилник, да отстои неколку часа, додека кремот се зацврсти, а бисквитите да омекнат.
Во меѓувреме пригответе ја глазурата, така што ќе ги измешате потребните состојки за истата и нежно ја затоплите смесата, додека да се растопи убаво шеќерот. Штом глазурата ќе се излади, а ролатот ќе се зацврсти, извадете го од ладилникот и полејте ја одозгоре глазурата.
По желба, декорирајте одозгора со кокос.
Пријатен апетит!