1 лажица пред оброк – Народен рецепт за зајакнување на хемоглобинот: Со него анемијата и вечниот замор стануваат минато
Хемоглобинот е еден од најважните крвни показатели. Неговото ниско ниво може да доведе до сериозни здравствени заболувања. Тој го обезбедува спроведувањето на кислород во телото.
Нивото на овој показател зависи од многу фактори, вклучувајќи ја возраста, полот, начинот на живот и исхрана, како и општата здравствена состојба на личноста.
Денес ви претставуваме природен рецепт за зајакнување на хемоглобинот, благодарение на кој симптомите на анемија како замор, намалена концентрација, честата главоболка, сувата кожа, кршливите нокти и слично, брзо ќе станат минато.
Најдобриот народен лек за зајакнување на хемоглобин
Потребни состојки
- 1 шолја ореви
- 1 шолја суво грозје
- 2 средно големи лимона
- 1 шолја мед
- 1 шолја сок од морков
- 1 шолја сок од цвекло
Начин на подготовка и употреба
Исчистите ги лимоните од нивните семиња, а потоа заедно со оревите и сувото грозје, поставете ги во блендер и измешајте ги состојките до добивање на соединета смеса.
Следно, во добиената смеса додадете ги медот, како и соковите од морков и цвекло и повторно добро измешајте ги сите состојки заедно.
Складирајте го добиениот лек во тегла, во ладилникот. Консумирајте по 1 супена лажица, 3 пати дневно, пред секој ваш оброк.