10 едноставни трикови кои ќе ѝ послужат на секоја жена оваа лето
Летото е наменето за уживање и не треба да се мачиме со ситните секојдневни проблеми. Ние собравме неколку совети и трикови, за кои се надеваме дека ќе ви ја олеснат оваа летна сезона.
1. Користете бебешка пудра како дезодоранс
Обидете се да ставите малку бебешка пудра на пазувите за да спречите непријатен мирис и влажност. Исто така можете да ја ставите и во чевлите.
2. Ставете ластик на вашите очила за сонце
Зарем не ве иритира кога очилата ви се лизгаат од лицето? Ставете транспарентни ластици на двете рачки и повеќе нема да го имате овој проблем.
3. Кокосово масло
Сакате да одите на одмор но се плашите дека косата ќе ви стане сува и кршлива? Ставете кокосово масло на неа и вашата коса ќе добие прекрасен сјај.
4. Потемна течна пудра
Не е исплатливо да купувате секогаш потемна пудра кога нијансата на вашето лице ќе стане потемна. Ставете течен бронзер во пудрата и прилагодете ја нијансата.
5. Ледено кафе
Ставете обично кафе, или по ваш вкус во калап за мраз и користете ги овие коцки мраз за да го освежите вашето кафе.
6. Исушете ги вашите пазуви
Доколку не сакате мокри пазуви ставете дневна влошка. Но внимавајте ракавите да не се премногу кратки и да не е транспарентна маицата која што ја носите.
7. Кеси со патент
За да биде безбеден вашиот мобилен телефон кога сте во близина на вода оваа лето најкорисно е да го спакувате во кесички со патент.
8. Мраз од алое вера
Кога ќе изгорите од сонцето убаво е ставите малку гел од алое вера, но уште подобро е доколку го ставите во калапи за мраз и потоа се протриете со коцките мраз.
9. Сигурен градник
Во текот на последните неколку години, блузи и фустани без раменици станаа многу популарни. Но што ако градникот без прерамки не сака да стои на своето место? За таа намена има посебно лепило, кое ќе го држи вашит градник на место.
10. Здолниште отпорно на ветер
Иако е лето ветерот може да си поигра со вашето здолниште. Затоа од долната страна сошијте неколку монети, но внимавајте да не бидат видливи. Така ветерон нема да може да се справи со новата надградба на здолништето.