Доколку се обидувате да ослабнете, најверојанто практикувате да се мерите неколку пати во текот на неделата, за да ги забележите дури и минималните промени.

А кога бројот на килограми ќе започне здраво да се намалува, сосема нормално е дека тоа ќе ве направи среќни. Но, што кога стрелката на вагата изгледа како да замрзнала, па дури започнала и да се движи нагоре, покажувајќи поголеми цифри.

Можеби вие слабеете и вашата тежина се намалува, но тоа не успевате да го забележите поради грешките кои ги правите при мерењето.

Во продолжение следуваат за кои 10 такви грешки станува збор:

1. Се мерите секој ден

Секојдневното мерење не е најдобра идеја, бидејќи бројот на вагата влијае врз психата на секој човек. Варирањето во тежината во рамките на неколку килограми се сосема нормални и допустливи во текот на еден ден. Постојаните сомнежи и сопствени прекорувања да не каснете од омиленото јадење, во голема мера придонесуваат за зголемено производство на кортизол – хормонот одговорен за стрес, кој влијае врз шеќерите и мастите.

2. Користите дигитална вага

И покрај фактот дека современите ваги се направени да ја покажуваат не само телесната тежина, туку и некои други телесни параметри, сепак нивната точност не е сосема јасна. При дигиталните ваги, дури и најмалите движења може погрешно да влијаат врз калибрирањето. Кога станува збор за механичките ваги, нив може да ги подесувате пред секоја употреба, за што поточно мерење.

3. Не го земате во предвид времето

Да, времето може да влијае врз вашата телесна тежина, односно при мерењето на самите ваги. Високата влажност и ниските температури може да го разнишаат  калибрирањето, а како резултат на тоа, при мерењето вагата ќе покаже поголема бројка од вистинската и реална.

4. Се мерите навечер

Може сакате да се измерите пред да си легнете, но тоа е сосема погрешно. Нормално е телесната тежина во вечерните часови да ви биде поголема од реалната, а тоа се должи на фактот што претходно сте поминале ден пиејќи и консумирајќи храна. Варирањето на килограмите во текот на денот може да достигне и до бројка од 4 килограми. Затоа, најдобро е да се мерите наутро, веднаш откако ќе се разбудите и откако ќе отидете во тоалет, односно мерењето треба да биде на празен стомак.

5. Се мерите по туширање

Човечката кожа е најголемиот човечки орган, при што таа апсорбира доста течности. За време на туширање, кожата може да впие течност колку 3 чаши вода и тоа се разбира, ќе влијае врз вашата телесна тежина. Покрај тоа, мократа коса е значително потешка од сувата.

6. Се мерите веднаш по вежбањето

Мерењето на телесната тежина веднаш по вашиот фитнес тренинг, бидејќи вредноста на истата нема да ја покаже реалната состојба. Тоа се должи на фактот што за време на вежбањето, вие се потите и губите течности т.е вода, а поради тоа вагата ќе покаже помала цифра. Доколку сакате да имате увид во резултатите од вежбањето, се препорачува мерењето да го направите следното утро.

7. Користите различни ваги

Доколку практикувате да се мерите на различни ваги, како на пример, на вагата што ја имате во домот и она во теретана, сосема нормално е дека ќе добиете различни резултати. Поради различно калибрирање, различните ваги може да варираат дури со 5 килограми разлика. За да добиете точен резултат, користете само една вага.

8. Се мерите краток период пред менструалниот циклус

Менструалниот циклус има силно влијание врз телесната тежина поради задржувањето на течностите во организамот. Пред истиот да започне, во телото се акумулираат повеќе течности од вообичаеното, при што дури може и да добиете 2 килограми само од тоа, кои секако ќе исчезнат по неговото завршување.

9. Не ја поставувте вагата на правилното место

Големо влијание врз покажувањето на точниот резултат има и површината на која вагата е поставена. Таа требад да биде цврста и рамна. Пример, плочките во бањата се идеална површина, а избегнувајте ги килимите.

10. Дали сте облечени?

Доколку сакате да знаете колку тежите вие, а не вашиот омилен џемпер, потребно е истиот да го соблечете. Најдобри резултати ќе добиете доколку се мерите облечени само во долна облека (најдобро и голи). Исто така не заборавајте и да ги соблечете и обувките.