10 грешки поврзани со личната хигиена, кои секојдневно ги правиме
Кој би помислил дека малите детали на кои не обрнуваме внимание може да нѐ спречат од идеално здравје и целосна среќа?
10. Грицкање на ноктите како начин за справување со стресот
Оваа е многу лоша навика со која некои се стекнуваат уште во најраното детство. Треба да знаете дека е многу штетна за вашето здравје и дека најдобро е да се одвикнете од истата.
9. Памучни стапчиња како начин на чистење на ушите
Иако тие можат да помогнат при редовно чистење на ушите, доколку почувствувате некој проблем во увото и се трудите да го „исчистите“ со памучните стапчиња можете само уште повеќе да ги вратите бактериите назад во увото.
8. Не ги миете рацете откако го корситите тоалетот
Миењето на рацете по користење на тоалетот може да спречи да се разболите.
7. Не ја менувате четката за заби доволно често
Стоматолозите препорачуваат да се менува четката на најмалку 2-3 месеци.
6. Правите пилинг на лицето секој ден
Доколку премногу често правите пилинг на лицето тоа може да доведе до појава на акни и брчки. Дерматолозите препорачуваат да правите пилинг најмногу два пати неделно.
5. Не ги чистите нештата што ги користите секој ден
Колку често ги чистите работите кои секојдневно ги допирате? Таму лежи најголемиот број на бактерии иако ви се чинат чисти.
4. Користите паста со флуорид
Овој вид на паста за заби е особено опасен за децата бидејќи доведува до неправилен развој на забите и бели дамки на забите. Може да предизвика распаѓање на забите и дури може да го зголеми нивото на апсорпција на алуминиум во нашиот мозок, што придонесува за Алцхајмеровата болест.
3. Користите памучна навлака за перница
Оваа ткаенина прави да изгледате постари со додавање брчки на лицето, сушење на кожата и оштетување на вашата коса. Најдобар избор за навлака за перница е свилата.
2. Премногу често чистите со правосмукалката
Може да биде штетно по вашето здравје доколку секој ден ја користите правосмукалката. И ако не ја чистите машината, вашиот тепих и подот може да се оштетат со нечистотии и честички од прашина.
1. Премногу ги сечете ноктите на стапалата
Ако премногу ги исечете ноктите на стапалата тогаш одењето и носењето на чорапи ќе биде вашиот прв проблем. Притисокот кој што се прави додека одите може да предизвика ноктот да почне да расте во кожата.