10 грешки при облекувањето кои може да додадат 10 кг на вашиот изглед
Малите детали можат да го расипат вашиот изглед. Дури и основната класична облека може да додаде вишок килограми на вашиот изглед, доколку заборавите на деталите. На пример, носењето ремен во погрешна ширина или здолниште кое е подолго од палтото.
Но, тоа значи дека и со само неколку корекции во деталите, ќе изгледате совршено и беспрекорно, без воопшто да се трудите! Во продолжение прочитајте неколку златни модни совети кои можат да ви помогнат да избегнете некои грешки кога станува збор за вашиот изглед.
1. Избирате кошула без копчиња
Се чини дека основната класична кошула не би требало да го расипе вашиот изглед, но всушност не мора да значи дека секогаш е сигурен избор. Ако сакате да ги сокриете килограмите, подобро е да изберете кошула со копчиња. Носете ја откопчана и под истата облечете маица. Ова ќе ја издолжи вашата фигура.
2. Носите опуштна плетена блуза со здолниште
Опуштениот џемпер или плетена блуза може да ја сокрие вашата половина и да го направи долниот дел од телото пократок. Користете ремен, како што е прикажано на сликата, за да го подигнете џемперот и да ја издолжите фигурата.
3. Ја носите блузата спуштена врз долниот дел од облеката за да го скриете стомакот
Не ја спуштајте блузата надолу премногу, бидејќи тоа може да ја подели фигурата на 2 непропорционални дела. Ова е особено точно кога боите на дното и горниот дел се контрастни. Вметнете ја блузата во здолништето и одозгора облечете откопчан џемпер или јакна.
4. Не ги истакнувате потенките делови: зглобовите, половината или вратот
Кога се чувствуваме дополнително пополнети, сакаме килограмите да ги покриеме со облека за да никој не ја забележи нашата тежина. Но, не треба да заборавиме да ги истакнеме зглобовите, струкот, вратот или глуждовите. Ова се деловите што прават да изгледаме слаби и женствени.
5. Носите тенки џемпери со копчиња
Многумина од нас ги имаат овие класични тенки џемпери со копчиња во својот плакар, изработени од трикотажа. Со нив треба да бидете внимателни. Ако имате поголем обем во половината и рамената, тогаш овие џемпери нема да направат да изгледате повитки, туку, напротив, можат да додадат вишок килограми на вашиот изглед. Подобро е да изберете плетен џемпер со поопуштен дизајн.
6. Страв од монохроматски изглед
Повеќето често избегнуваме монохроматски изглед, бидејќи сметаме дека истиот може да изгледа здодевен и едноставен, но тоа не е точно. Контрастниот долен дел може само да го прошири вашиот изглед. Одличен пример и доказ за тоа се горенаведените слики. Ако изберете да носите здолниште, вметнете го горниот дел во истоот за да не го поместувате нивото на половината.
7. Носите шорцеви кои се премногу кратки
Кратките панталони нема да ве направат витки, онолку колку што би сакале. Многу често тие само ги откриваат недостатоците. Ако изберете тренерка, тогаш подобро е да им дадете предност на поопуштените кроеви. Ако сепак инсистирате на шорцеви, тогаш изберете со соодветна должина и внимавајте да не бидат претесни.
Исто така, избегнувајте мали и детски модели на облеката што можат да привлечат премногу внимание кон стомакот.
8. Носите ремен што е премногу тенок и светол
Секако, можеме да носиме ремени во светла боја, но само со соодветна облека. Ако вашето палто е потемно од ременот, тогаш може визуелно да ја направите вашата половина да изгледа поголема. Исто така, не користете тенки ремени со облека. Широкиот ремен подобро ќе ја истакне вашата фигура.
9. Постојано носите кратка и тесна облека
Можеби се чини дека колку повеќе ги покажуваме нозете, толку се подолги. И колку се подолги, толку сте потенки. Но, тоа не е секогаш така. Краткото здолниште може сериозно визуелно да ја пресече линијата на вашите нозе, особено ако е во црна боја. Подобро е да изберете здолниште со класична форма што совршено ја нагласува вашата женственост.
10. Носите здолниште или фустан кои се подолги од вашиот капут
Не носете мантил или палто што е пократко од здолништето, особено ако е во контрастна боја. Кога го правиме ова, се појавуваат дополнителни линии, кои визуелно ја пресекуваат фигурата и ве прават да изгледате со вишок килограми.