Секој од нас се обидува да го направи својот дом не само пријатен, туку и удобен. Во моментов, многу реклами, Интернет страници, билборди, во филмови и сериите ни даваат бројни идеи како да го дизајнираме нашето живеалиште. За жал, некои современи идеи се всушност бескорисни од практична гледна точка.
Во продолжение ви откриваме кои актуелни работи и елементи се вистински тренд и чест избор при уредувањето на домот, но кои всушност според дизајнерите за ентериер се само бескорисни и обично фрлање на пари!
1. Мијалник од камен со рамно дно
Ваквиот тип на мијалник изгледа навистина убаво и модерно, но има значителен недостаток за кој малкумина знаат. Прилично е тешко да се одржува чист поради рамното дно, водата не се исцеди целосно и мала количина од неа останува, што резултира со непријатен изглед. Покрај тоа, чистењето на остатоците од пена од средствата за миење, од аглите на мијалникот не е секогаш лесно. Ова значи дека ќе треба да изберете помеѓу убавината и практичноста.
2. Теписи во влезот
Честопати, гледаме мек тепих на подот во влезовите во филмовите ил емисиите, кој секогаш изгледа чисто. Но, не сите земји имаат екстремно чисти улици и ако остане нечистотија на ѓоновите на чевлите, тогаш сосема лоша е идејата да се движите низ домот во вашите чевли за надвор. Покрај тоа, ако имате домашни миленици дома кои понекогаш одат на прошетка, голем број опасни бактерии што ги носат на шепите можат да се наталожат на површината на самиот тепих. Затоа, ваквиот избор на тепих е всушност само убава идеја, која во реалноста е многу непрактична, бидејќи бара постојано чистење.
3. Стаклена маса во кујната
Стаклената маса изгледа елегантно бидејќи пропушта светлина. Но, во исто време, работи како отпечатоци од прсти, прашина и траги можат да бидат многу повидливина нејзината површина. Мала е веројатноста дека ќе можете убаво да го избришете овој вид на маса со обична крпа. За таа цел, ќе мора да користите специјални средства за чистење и посебни крпи или да поставите чаршав над неа – иако, во тој случај, идејата за купување стаклена маса ќе стане бесмислена.
4. Простор над вашите кујнски ормари
Празниот простор над нашите кујнски ормани е, всушност, неискористен. Затоа, поставување на истите на доволно високо ниво, до таванот е подобра идеја. На овој начин, не само што ќе можете визуелно да ја зголемите висината на таванот, туку и ќе се спасите од чистењето на тешко достапните места. Сепак, имајте на ум дека е важно да оставите малку простор помеѓу отворот на вратите на орманот и осветлувањето.
5. Отворени полици
Повеќето се стремат да складираат што помалку работи во домот, а водејќи се според ова правило, најчесто избораат отворени полици каде уредно ќе ги сместат само потребните работи. На прв поглед, оваа идеја изгледа удобно и убаво, но кога ќе дојде за чистење, овие полици се претвораат во вистински предизвик, бидејќи на истите се акумулира неверојатно голема количина на прашина.
6. Када со хидромасажа
Тешко е да се замисли личност која никогаш не сонувала за домашно џакузи. Може да ви помогне да се опуштите и да го елиминирате стресот додека лежите во топла купка по напорниот ден на работа. Некои луѓе дури и ги дизајнираат своите бањи околу концептот на пвие кади, кои патем чинат доста пари. Но, со текот на времето, излегува дека системите во кадата бараат посебна грижа. Колку повеќе испакнати делови од хидромасажните елементи има на снежно-белата површина на бањата, толку повеќе габи ќе се акумулираат таму.
7. Свилени постелнини
Навикнати сме да мислиме дека постелнините од природна свила се знак на луксуз и извонреден вкус. Можеби и вие сте сте размислувале да купите ваков комплет барем еднаш во животот. Филмовите и сериите ни покажуваат дека богатите луѓе се одлучуваат за свила кога станува збор за нивните кревети. Но, овој избор е непрактичен бидејќи постелнините од свила постојано се туткаат и остануваат ладни на допир. И нивниот главен недостаток е што тие се крајно лизгави.
8. Кревети со широка основа
Ние поминуваме една третина од нашите животи во спиење, па затоа работите како нашиот кревет треба да бидат избрани крајно внимателно и одговорно. Неодамна, делумно благодарение на рекламирањето, луѓето почнаа да се одлучуваат за кревети во стилот на подиум, бидејќи овој мебел изгледа невообичаено и модерно. Сепак, практиката покажува дека е крајно незгодно легнувањето и станувањето од истиот.
9. Плакари со големи огледала
Плакарите со големи врати и огледало на истите се прилично популарно ентериер решение што помага визуелно да се прошират границите на просторијата. Сепак, овој визуелен трик има и свои недостатоци – трагите од рацете и прашината ќе бидат многу видливи на оваа голема површина. Дури и да го чистите неколку пати неделно, нема да помогне да се ослободите од овој пролбем. Покрај тоа, вратите со огледало се прилично скапи.
10. Работна површина од блескав црн камен
„Модерно, атрактивно и лускузно“ се првите зборови што ќе ни паднат на ум кога ќе видиме работна површина од црн камен. Затоа се повеќе луѓе се одлучуваат за истиот. Сепак, по малку време станува јасно дека овој избор всушност бил погрешен, бидејќи секоја капка вода што ќе се појави на нејзината површина и ќе се исуши остава несакани дамки. Тоа исто така значи дека ќе мора постојано да ја миете и бришете областа околу мијалникот.