10 лесни совети како да изгледате прекрасно без шминка, од супермоделот Емили Дидонато
Една од најбараните манекени за ревиите на високата мода, Емили Дидонато не е никаков странец кога станува збор насловните страни на Вог, а дури се има фотографирано и без шминка. Сега таа ги споделува нејзините совети.
Дидонато ви ги открива нејзините 10 трикови и совети за беспрекорна кожа, поттикнување на природната убавина и како да постигнете блескав тен, без ниту грам шминка:
1. Целосно отстранете ја шминката пред спиење
„Кога си легнував со шминка на моето лице, наредните утра кожата секогаш ми изгледаше премногу сува и општо не изгледаше добро. Затоа детално чистете ја пред спиење, не дозволувајте да си легнете со шминка на себе“
2. Вежбајте
„Дури и ако вежбањето е кратко, правете го тоа секојдневно. После потта и црвенилото, нашето природно руменило се истакнува на овој начин“
3. Правете ексфолијација на кожата
„Тоа секогаш го правам пред да одам на работа. Од голема важност е да се отстранат мртвите клетки од кожата и да се поттикне крвта да циркулира на површината. За ова користете маски и пилинзи за лице и не плашете се со истите да ги покриете и деловите како усните.“
4. Четкајте ги усните
„Ја користам четката за заби и на усните, за да ја доведам крвта до самата површина и на овој начин, исто така да ја поттикнам циркулацијата. На овој начин, моите усни секогаш изгледаат полни со природната розева нијанса“
5. Лабелото е важно
„Секогаш бирајте квалитетно лабело и пронајдете го она кое најдобро ви одговара на вашите усни. Лабелото е важно за заштита, но исто така дава убав сјај при природниот изглед без шминка“
6. Антиоксидантни серуми
„Антиоксидантните серуми за лице се едни од клучните тајни за беспрекорен изглед. Тие помагаат побрзо и полесно да се обноват клетките, ја одржуваат влажноста на кожата, го даваат потребниот сјај и совршениот тен. Најомилен ми е серумот кој содржи витамин Ц“
7. Одржувајте ја влажноста на кожата
„Повторно од голема важност. Одржувајте ја влажноста на кожата со производи кои ја поттикнвуаат и балансираат хидратантноста, како кремите, серумите и сл.“
8. Пронајдете ретинол (витамин А) кој ви одговара на кожата
„Можете да го побарате и во аптеките, а откако го користам, чувствувам дека ми ги собира порите и ги спречува предвременото стареење“
9. Виткајте ги трепките
„Така, визуелно очите ќе ви изгледаат поотворени и ќе изгледате разбудено, без да мора да носите маскара“
10. Четкајте ги веѓите
„Сите сакаме нашите веѓи да изгледаат полни колку што повеќе е можно. А покрај четкањето, понекогаш ја прскам четката со малку лак за коса, за да се задржи нивниот изглед“