10 лесни трикови кои ќе ве „вратат во живот“ кога најмногу се чувствувате исцрпено
Додека сте на работа, на кафе со пријателките или на прошетка со вашите деца- исцрпеноста може да ве обземе во многу несоодветни ситуации.
Понекогаш заморот е предизвикан од стрес и недостаток на физичка активност, а понекогаш може да се чувствуваме исцрепно поради лопата исхрана и самата работната околина. Но, каде и да сте и што и да правите, постои начин да ја зголемите вашата енергија без 10 чаши кафе или 10 часа сон.
Еве како лесно и едноставно да ги наполните вашите батерии:
1. Одморете со 20-минутна „моќна“ дремка
Експертите од областа на спиење веруваат дека 20 минути е вистинското доволно време за дремка, кое ќе ве натера да се чувствувате енергични и продуктивни откако ќе се разбудите. Додека подлабиот и подолг сон во текот на ноќта, овозможува целосно обновување на вашето тело и ум, 20-минутното дремнување во текот на денот ќе ви даде повеќе енергија за да продолжите со дневните обврски. Еве неколку совети за тоа како да го искористите максимумот на дремката:
- Потребно е дремката да ја направите во затемнета и ладна просторија
- Користете маска за спиење за да се спречите било каква светлина;
- Поспијте еден час или 2 после ручекот;
- Освежете се со кратка прошетка или исплакнете го лицето со вода откако ќе станете.
2. Седете исправено
Бројни истражувања покажаа дека седењето во исправена положба ни помага ефикасно да се бориме против замор со зголемување на нивото на кислород во крвта. Другите истражувања покажаа дека луѓето кои седат исправно, се склони да бидат подобро расположени и да искусат помалку негативни емоции во споредба со оние кои не седат исправено. Исто така, можете да направите и мало протегнување на телото, токму додека сте на вашето работна место, за да ја подобрите циркулацијата на крвта и да добиете поттик на енергија.
3. Смејте се многу
Смеата има многу здравствени придобивки, а една од нив е и да ве направи поенергични и поактивни. Кога се смееме, вдишуваме воздух богат со кислород, кој ги стимулира нашето срце и мускули и го зголемува нивото на ендорфини во крвта. Како резултат на тоа, смеењето ни дава вистински енергетски наплив. Значи, следниот пат кога ќе се чувствувате исцрпено и не можете да продолжите со работа или работа дома, направете пауза за да гледате или да прочитате нешто смешно и притоа добро да се насмеете.
4. Помирисајте стапче цимет
Мирисот на цимет има неверојатен ефект врз човечкиот мозок. Ја подобрува активноста на мозокот и се бори против губење на меморијата и нервната напнатост, што нè тера да размислуваме побрзо и да бидеме попродуктивни. Други мириси кои можат да ве направат посконцентрирани и поенергични се есенцијалните масла од лимон и портокал, но бидете внимателни: есенцијалните масла можат да предизвикаат иритација и алергиски реакции и треба да се третираат со претпазливост.
5. Дозволете им на сончевите зраци да допрат до вас
Честопати кога се наоѓаме во затемнети просторија, се соочуваме со вртоглавица и чувство на зашеметеност. Темнината го поттикнува нашето тело да произведе помалку серотонин, важен невротрансмитер што нè прави да се чувствуваме поспано. Кренете ги завесите и пуштете ги сончевите зраци да навлезат во просторијата или прошетајте на отворено. Излезете на свеж воздух, уживајте во зраците на сонцето и тоа ќе ве направи да се чувствувате посреќни и поенергични.
6. Направете си енергичен домашен напиток
Постојат многу природни домашни рецепти за енергетски пијалоци кои можете да ги најдете на Интернет, а една од најлесните вклучува само 4 состојки: лимон, ѓумбир, мед и вода. Еве што како да го приготвите:
- Измешајте 1 лажица сок од ѓумбир, 1 лажица сок од лимон и 1 лажица мед;
- Додадете 1 чаша чиста вода и промешајте бавно;
- Додадете неколку коцки мраз ако сакате вашиот пијалок да биде навистина ладен.
7. Или едноставно напијте се чаша вода
Според лекарите, дехидрираноста е една од главните причини за појава на замор и чувство на исцрпеност. Другите симптоми на дехидрација вклучуваат главоболки, вртоглавица и промени во расположението. Многумина од нас не ја земаат потребната дневна количина на течности и честопати само посегнуваме кон чаша вода само кога се чувствуваме многу жедни. Значи, следниот пат кога ќе се чувствувате поспано и вртоглавично, напијте се чаша вода и видете што ќе се случи.
8. Потпевнувајте ја вашата омилена песна или мелодија
Исто како вежбањето или прошетка, и пеењето го буди мозокот и го зголемува протокот на крв. Доколку потпевнувате убава и пријатна мелодија што ве расположува, тоа ќе ве натера да се чувствувате поенергично и да ве поттикне да постигнете многу повеќе од планираното. Покрај тоа, пеењето е добар природен антидепресив и да го заштити мозокот од претерано размислување за секојдневните проблеми.
9. Пробајте масажа за стапалата, за ослободување од стресот
Стресот е една од причините која предизвикува да се чувствуваме премногу исцрпени на крајот од денот. Добрата масажа на нозете, може да направи чуда со вашето телот, бидејќи истото значително ќе го ослободи од непотребниот стрес. Нозе содржат над 7.000 нервни завршетоци, 19 различни мускули, 107 лигаменти и 26 коски, а правилниот притисок применет врз специфични области на нозете може да ја намали болката, стресот и уморот.
Масажите на стапалата обично вклучуваат нежно и цврсто триење и притискање на точките на притисок за неколку секунди, користејќи ги палците.
Следнете вакви и слични видеа од овластени терапевти за масажа, за да подетално научите како правилно да ги масирате вашите стапала.
10. Консумирајте бадеми
Бадемите се совршен избор за доцна закуска во вечерните часови. Тие содржат рибофлавин и Л-карнитин, елементи што се директно поврзани со зголемената активност на мозокот. Исто така, бадемите се богати со магнезиум, манган, бакар и други витамини и минерали кои го подобруваат целокупното здравје на телото и се борат со подобрување на меморијата.
Сите овие трикови за поттикнување на енергија се покажале како ефективни кај многумина. Но, меѓутоа, доколку се чувствувате исцрпени неколку дена по ред и се чини дека ништо не помага, подобро е да лекарски преглед, за да ја утврдите точната причина за вашата состојба.