10 лесни вежби за прекрасни раце и цврсти и подигнати гради
Француската телевизиска ѕвезда и авторка на бестселерот Self-lifting – Камил Волеар развила серија на вежби за убави гради, која стана популарна низ целиот свет. Нема да ви треба посебна опрема за вежбите, па можете да започнете со овие физички вежби веднаш по читањето на оваа статија.
10. Вежба „Ловец на ѕвездите“
Ова е вежба за загревање, помага да се поправи вашето држење и да се зајакне грбот.
Техника на вежбање:
- Застанете исправено, исправете ја главата назад.
- Наизменично истегнувајте ги рацете, создавајќи тупаница со секое „зграпчување“ на ѕвезда.
9. Вежба „Слон“
„Слон“ помага да се зајакне грбот и вратот, како и да се релаксираат мускулите во градите.
Техника на вежбање:
- Раширете ги нозете во однос на рамениците и наведнете го торзото напред. Контролирајте ја позицијата на грбот – треба да биде паралелна на подот.
- Опуштете ги рацете и спуштете ги, потоа почнете да ги замавнувате лево и десно, истовремено одејќи назад. Вашата глава треба да ги имитира движењата на вашите раце.
8. Вежба „Кобра“
„Кобра“ го зајакнува горниот дел од телото.
Техника на вежбање:
- Легнете со стомакот надолу.
- Ставете ги рацете зад вашата глава.
- Подигнете го горниот дел од телото и главата од подот.
- Обидете се да ги држите лактите на страните кога ја кревате главата. Нозете треба да бидат споени.
7. Вежба „Тениско топче“
Оваа вежба се смета за еден од најважните елементи на овој сет и помага да се зајакнат мускулите во градите.
Техника на вежбање:
- Застанете исправено, со расцеп на нозете со ширина на колковите.
- Земете тениско топче и ставете го помеѓу дланките на ниво на градите.
- Притиснете ги рацете, стегајќи го тениското топче, а потоа опуштете се, држејќи ги лактите право на страните.
6. Вежба „Книга“
Оваа вежба е за затегнување на градите и зајакнување на мускулите во грбот.
Техника на вежбање:
- Застанете исправено и истегнете ги рацете, држејќи ги дланките нагоре.
- Ставете дебела книга на секоја дланка (или можете да користите тегови).
- Раширете ги рацете на страните, а потоа спојте ги пред вас.
5. Вежба „Ножици“
Ножици помага да се протегаат мускулите во градите и да се исправи држењето
Техника на вежбање:
- Застанете исправени, опуштете ги рамената.
- Рашири ги рацете на страна, држејќи ги дланките надолу.
- Ставете ги напред, преклопувајќи ја една рака со друга како ножици.
4. Вежба „Албатрос“
Оваа вежба е за зајакнување на вашите големи и мали мускули во градите.
Техника на вежбање:
- Држете го вашето тело исправено и раширете ги нозете во однос на колковите.
- Раширете ги рацете паралелно со подот, држејќи ги дланките нагоре.
- Поместувајте ги рацете назад што е можно повеќе, а потоа вратете ги пак во почетната позиција.
3. Вежба „Перница“
Како и претходната вежба, „Перницата“ ги зајакнува вашите големи и мали мускули во градите.
Техника на вежбање:
- Стојте исправено, со споени нозе.
- Земете перница; притиснете ги рацете една кон друга, стегајќи ја перницата и потоа опуштете се.
2. Вежба „Лулка“
Лулка помага да се зајакнат мускулите на дојките.
Техника на вежбање:
- Застанете и прекрстете ги рацете пред градите, со дланките поставени на лактите.
- Обидете се да ги кренете рацете во оваа положба, создавајќи напнатост со притискање на лактите со дланките.
1. Вежба „Подбрадок“
Оваа вежба ги зајакнува градите и грбот.
Техника на вежбање:
- Свиткајте ги рацете пред вас, држете ги лактите на ниво на рамената.
- Ставете ја едната дланка над другата, создавајќи „подбрадок“.
- Притиснете ги дланките надолу со брадата, истовремено давајте отпр со дланките колку што е можно посилно.
Фреквенција на вежби
Треба да ја повторите секоја вежба 20 пати на ден во првите 10 дена, по што можете да ги намалите повторувањата до 10 пати на ден. По постигнување на посакуваниот резултат (според Камил ќе ги видите првите позитивни резултати по 20 дена), можете да направите 10 повторувања од овие вежби 3 дена во неделата.