Конусмирањето на фабричка храна, рафинираните шеќери и ГМО храната лесно доведува до образување на кисела средина во организамот, која пак создава идеални услови за појава на многу заболувања.

Меѓу заболувањата, неретко спаѓаат и рак, проблеми со прекумерената тежина, разни видови на болки и слично. Единствениот спас е создавање на алкална средина, која е целосна спротивноста на киселата, а за среќа нејзиното создавање е многу лесно.

10 природни начини за воспоставување на pH баланс

  1. Започнете го денот со чаша вода и свежо исцеден лимон. Иако лимоните се кисели, тие имаат спротивен ефект врз телото. Пијте го напитокот на празен стомак. Другата варијанта е наместо лимон, во водата да додадете јаболков оцет.
  2. Консумирајте големи проции марула, зачинета со лимон и висококвалитетен зејтин. Зелените зеленчуци и овошја се еден од најдобрите извори на алкални микроелементи, како калциум. Консумирајте ги во текот на целиот ден.

  1. За ужина консумирајте сурови несолени бадеми, кои исто така содржат неверојатно многу алкални микроелементи како магнезиум и калциум. Покрај тоа што воспоставуваат pH баланс, го регулираат шеќерот во крвта.
  2. Пијте бадемово млеко.
  3. Секогаш кога можете, отидете на прошетка или вежбајте. Физичката активност помага за отстранување на киселините од организамот.

  1. Дишете длабоко и секогаш обидете се да поминувате повеќе време на свеж и чист воздух.
  2. Не консумирајте месо секој ден, бидејќи неговата секојдневна консумација доведува до образување на кисела средина во организамот.
  3. Избегнувајте десерти што содржат високо количество на шеќер, како и газирани напитоци. Шеќерот е една од најопасните видови на кисела храна.

  1. Вклучете повеќе зеленчуци во вашето дневно мени, со исклучок на компирите. Повеќе консумирајте пиперки, тиквички и домати.
  2. Консумирајте повеќе прокељ, кој содржи многу корисни ензими, кои организамот ќе го вратат на прав пат.