Ние навистина не можеме да ги поместиме ѕидовите кога и да посакаме, но можеме да создадеме оптичка илузија, која ќе помогне визуелно да се зголемат и најмалите простори. Со помош на овие методи ќе можете да направите „отворен изглед“ на Вашата просторија.
Во светла околина, обоен под помага да ги разделите ѕидовите и собата да изгледа визуелно повисока и поширока.
Доколку го обоите и таванот и подот во светла боја, ќе добиете изглед на поширок простор, но таванот ќе изгледа понизок.
Изборот на иста боја за задниот ѕид и подот ќе направи собата да изгледа „попросторно“.
Користење на истата боја за задниот ѕид и таванот, исто така прави собата да изгледа пошироко, но сега таа ја губи нејзината длабочина.
За да ги „разделите ѕидвоите“ на собата задниот ѕид обојте го во посветла боја.
Спротивно на тоа, можете да ја намалите ширината и да ја зголемите длабочината користејќи заситена боја за да ги потенцирате страничните ѕидови на собата.
Ако проблемот е низок таван, изберете светли, заситени бои за страничните и задните ѕидови на собата. Ова визуелно ќе ја намали длабочината и ширината во корист на висината.
Изборот на светли бои не е единствениот начин да се зголеми впечатокот за просторност. Тапетите можат да помогнат, исто така. За да направите Вашата соба да изгледа поголема, користете светли тапети со нежен дезен.
Во некои простории, таваните изгледаат премногу високи. Хоризонталните ленти ќе направат таванот да изгледа помал додека малку ќе ја намали длабочината на просторијата.
Спротивно од тоа, вертикалните ленти ќе го „кренат“ нискиот таван.
Ако сакате Вашата соба да изгледа пошироко и да ја намалите длабочината, хоризонталните ленти на подот ќе Ви помогнат да го постигнете саканиот ефект.