10 неверојатни начини на кои можат да се употребат секојдневните производи за различни намени од нивната оригинална, а за кои малкумина знаат
Домот и кујната содржат многу повеќе тајни отколку што мислиме, а секојдневните производи може да ги употребиме на многу начини, не само на еден, како што тоа вообичаено го правиме.
Постојат разни начини како да ги искористиме производите, покрај нивната оригинална употреба, како на пример, да поправиме врата што чкрипи со обичен дезодоранс.
Во продолжение следуваат токму 10 такви начини кои ќе ви бидат од голема помош за решавањее на секојдневните проблеми:
1. Користете вазелин под пазувите за да избегнете триење и иритација на кожата во топлите месеци
Летото значи да се носат слатки и неодоливи летни фустанчиња и маици на тенки прерамки. Но, тоа истовремено ја остава кожата под пазувите и меѓу бутовите на отворено т.е ги прави овие зони од телото подложни на триење, кое лесно може да доведе до чувство на неудобност и иритација. Со нанесување малку вазелин на критичните места, избегнете го овој непријатен проблем.
2. Млекото е одлично средство за ефикасно чистење на кожните и антилопни чанти
Доколку површината и целосниот изглед на вашата омилена кожна или антилопна чанта изгубиле малку од својот сјај, тогаш нејзиното чистење со облога претходно потопена во млеко е безбеден начин како чантата повторно да изгледа совршено. Едноставно премачкајте ги вашите модни кожни и антилопни додатоци со млеко или поминете ја нивната површина со парче ткаенина потопена во млеко, оставете да се исуши, а потоа исчистете го млекото со мека крпа. Вашата чанта за кратко повторно ќе изгледа како нова!
3. Мајонезот делува како смирувачко средство при изгореници
Нема ништо поубаво од уживање покрај базен кога температурите се повисоки од вообичаеното, но често доколку не внимаваме, тоа уживање може да заврши со непријатни изгореници на нашата кожа. Доколку немате при рака соодветна крема за ублажување на изгорениците и болката, тогаш нанесете мајонез. Тој брзо ќе ја смири кожата и притоа ќе ја одржува нејзината хидратација.
4. Шампонот е извонредна алтернатива за омекнување на кутикулите при правење домашен педикир
Доколку немате време или едноставно не сакате да плаќате моментално за козметички услуги во некој салон, тогаш пробајте да си направите сами домашен педикир. За поефикасен да биде третманот, измешајте малку шампон во топла вода и потопете ги рацете во растворот. Резултатите ќе бидат чисти, меки и цврсти кутукули, без тоа да го чини вашиот буџет.
5. Доколку вашиот дом мириса на чад, тогаш оцетот може да ви помогне
Мирисот на чад може да биде навистина непријатен и мирис од кој тешко може да се ослободите. Без разлика дали сте изгореле нешто во кујната или вашиот гостин решил да пуши цигари внатре во затворениот простор, за да го решите овој проблем, поставете неколку чинии со бел или јаболков оцет на повеќе места низ домот и тој ужасен мирис ќе исчезне истиот ден.
6. Регенераторот за коса може да биде подеднакво одлична крема за бричење
Регенераторот за коса е пријатна алтернатива доколку во ситуација кога сакате да ги отстраните влакната, немате соодветна крема за бричење. Воедно, е многу подобра алтерантива од сапунот, бидејќи нема да ја направи вашата кожа груба и ќе ја спречи појавата на иритација.
7. Пастата за заби е одлично средство за избелување и на накитот
Постојат многу начини за чистење на потемнетиот валкан накит, а за еден од најефикасните се смета употребата на паста за заби.
Само премачкајте го накитот со малку паста, притоа користејќи четка, нанесете ја смесата детално врз целата површина. Потоа, оставете да отстои, а на крај, измијте го накитот во топла вода.
8. Шеќерот се користи за ублажување на изгорениците на устата, предизвикани од лута и зачинета храна
Покрај од лутата и зачинета храна, лесно може да добиеме изгореници и доколку веднаш ја консумираме храната кога таа е сè уште топла. Сите тоа знаеме да го правиме, кога сме премногу гладни. Во такви непријатни ситуации, за ублажување на изгорениците и чувството на непријатност, ставете коцка шеќер во вашата уста и почекајте сама од себе да се стопи, без да ја голтате.
9. Жолчките ја правата косата помека и посјајна
Жолчките се употребувале уште од античко време за нега на косата, при што ја прави истата да изгледа убаво, сјајно и беспрекорно.
Потребно е жолчките да ги нанесете на сува коса и да ги оставите да отстојат половина час, а потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.
10. Дезодораност може да го спречат здодевното чкрипење на вратите
Доколку вратите во вашиот дом го произведуваат тој иритирачки звук на чкрипење, обичен дезодоранс е вашиот спас. Само нанесете т.е подмачкајте ги вратите и звукот веднаш ќе престане.