Ниту едно време не е доволно за нашите рутини за убавина, особено во утрата. Не секогаш работите одат според планираното, а некогаш производите се потрошиле, без да забележиме.

Во прилог следуваат 10 одлични и неверојатно корисни трикови за убавина, кои ќе нè спасат од безизлезните ситуации!

1. Бебешка пудра+ четка за коса= сув шампон

Нанесете малку бебешка пудра на вашата коса и исчешлајте ја добро косата. Набрзо ќе ги видите истите резултати како да сте користеле готов сув шампон за миење.

2. Туфер + четка од маскара= густи трепки

Земете обичен памучен туфер и разделете го на два дела. На трепките нанесете еден слој маскара, а потоа земете ја четката, завиткајте ја во туферите и нанесете на трепките подеднакво. Потоа, ставете уште еден слој од маскарата на вашите трепки за да го сокриете памукот.

3. Мајонез= маска за коса

За да се справите со сувата коса, земете обичен мајонез и нанесете го врз целата ваша коса. Оставете да отстои половина час, а потоа измијте со шампон. Подоцна уживајте во свилените ефекти!

4. Влажна кожа + парфем= долготраен мирис

Покрај нанесувањето на парфемот на специфични места, исто така клучно е да се напрскате парфем веданш по туширањето, додека кожата сè уште е влажна. Така ефектот и мирисот на парфемот ќе трае многу подолго.

5. Влажно лице+ крема за лице= зголемена апсорпција

Измијте го вашето лице, а потоа додека сè уште кожата е влажна, нанесете ја кремата или останатите производи за лице. На овој начин, состојките многу побрзо и поефикасно ќе се впиваат во самата кожа.

6. Васаби+ усни= волуменозни усни

Нанесете васаби насекаде врз усните и оставете да отстои 10 минути и на овој начин вашите усни ќе добијат поголем волумен. Зголемете го времетраењето доколу резултатите не се видливи, и намалете го истото, доколку почувствувате болка.

7. Пиво= регенератор/ шампон за коса

Обидете се да ја измиете вашата коса со пиво. Некои велат дека косата добива поголем сјај, додека пак други тврдат дека структурата на косата станува поздрава. Овој трик не го користете секојдневно, туку од време на време.

8. Алкохол + лажица = поправена сенка за очи

Ова конкретно се однесува на изопропил алкохол или етанол. Нанесете малку врз сенката, измешајтеја смесата со лажица и добро распоредете ја во малата пластична кутија од сенката. Оставете да отстои и добро да се исуши и ќе добиете сосема нова сенка за очи. Истиот трик може да се користи и со пудрата за лице или бронзерот.

9. Обичен регенератор за коса + вода= регенераторски спреј за коса

Искомбинирајте го вашиот регенератор за коса со вода, во сооднос 1:1 и наполнете ја смесата во шише со пумпа за прскање. Сега ќе можете веднаш да го нанесете регенераторот , без претоа да ја миете косата. Едноставно напрскајте од смесата и добијте ги резултатите во истиот момент.

10. Домашен природен прав + пластичен сад од потрошен брознер= сосема нов бронзер

Земете 1 лажица цимет, 1 лажица какао, индиско оревче во прав и брашно. Измешајте ги сите овие состојки добро и честитки! Штотуку создавте еколошки, здрав и ароматичен бронзер!

Доколку не ви се допаѓа бојата,  поиграјте си со уделот на различните состојки и добијте ја посакуваната нијанса.