10 одлични трикови за здравјето, кои значително ќе го поедностават вашиот живот
Спротивно на популарното верување, пиењето шолја кафе всушност ја прави поефективна вашата попладневна дремка. И додека некои здрави навики се широко познати, денес ви откриваме некои помалку познати, а уште помоќни!
Во продолжение следуваат 10 одлични трикови за здравјето, кои значително ќе го поедностават важиот живот:
1. Ноќно време одете во тоалет со само 1 око отворено
Одењето во тоалет среде ноќта, откако цврсто сте заспале, може да го наруши вашето спиење и квалитетниот сон. Тоа е затоа што откако ќе се разбудите, ќе го вклучите светлото за да отидете до тоалет, а ненадејната светлина ќе го натера мозокот да претпостави дека е веќе е утро и со тоа ќе го прекине спиењето и сонот.
За таа цел, со отварање на само едно око, ќе успеете да го намалите применото количество светлина што влегува во вашата мрежница и му сингализира на мозокот, при што потоа веднаш ќе успеете повторно да заспиете.
2. Повлекувањето на ушите може да резултира со низа здравствени придобивки
Повлекувањето на ушите всушнпст може да биде многу корисно за вашето здравје. Рефлексологијата нè учи дека постојат т.н точки на притисок на ушите, со чие повлекување или притискање може да се ублажат и намалат бројни здравстве ни проблеми, од ублажување на главоболка до подобрување на дигестивната функција.
Со притискање или повлекување на следните точки, во продолжение откријте на кој дел од телото одговараат:
- Грб и рамена
- Различни органи
- Зглобови
- Назални синуси и грло
- Дигестија
- Глава и срце
3. Движете ја главата од една кон друга страна за да ја ублажите болката во екстремитетите
Будењето во текот на ноќта и чувствувањето на малото непријатно трнење во екстремитетите, е нешто што кое секој од нас барем еднаш се соочил. Тоа е затоа што понекогаш додека спиеме, се превртуваме и ненамерно, спиеме со телото врз рацете, а тоа се предизвикува опструкција на нормалниот проток на крвта, што доведува до намалување на количината на кислород што го прима тој дел од телото.
За да се ослободите од оваа болка, наместо да се обидувате да ги тресете рацете или „да ги разбудите“, обидете се да ја движите главата една кон друга страна. Ова треба да помогне да се намали болката бидејќи нервите во вратот се движат директно надолу од главата до рацете.
4. Исплашете се, за да го спречите икањето
Никогаш не постои едно поединечно икање. Кога ќе се појави, тоа обично е проследено со низа бројни икања и во тие ситуации ни се чини скоро невозможно дека некогаш истото ќе престане, иако во повеќето случаи икањето завршува по неколку минути. За да престанете со икање за секунда, замолете некој да ненадејно ве исплаши или да ве изненади.
Ова ненадејно дејство предизвикува срцето брзо да започне да чука, со што ја зголемува циркулацијата на крвта. И во исто време го свртува нашето внимание од икање.
5. Спијте во ладна просторија
Спиењето во ладна просторија е корисно за целосниот квалитет на вашето спиење. Тоа ви помага да заспиете брзо и исто така ги намалува шансите за дијабетес со тоа што му помагате на организмот да согори повеќе калории. Исто така, ја зголемува чувствителноста на инсулин, што го намалува ризикот од дијабетес тип 2.
Одржувањето на собната температура помеѓу 15ºC и 20ºC го поттикнува организмот да произведува хормон мелатонин, кој покрај поттикнувањето на квалитетот на спиењето, е и моќен хормон против стареење.
6. Пијте кафе за да имате поефективна дневна дремка
Јапонско истражување дошло до откритие дека луѓето кои консумирале кафе пред дневната дремка, истите подоцна се чувствувале поенергични и поефикасно ги извршувале обврските, од оние кои не консумирале кафе пред дремката.
7. Кашлајте за да ја ублажите болката од убодот на игла
Ретко кој ужива во третманот на вакцинирање, и покрај тоа што истиот нè штити од бројни болести. Но, постои еден лесен начин начин да се ублажи болката од убодот на иглата: кашлање. Бројни истражувања откриле дека кашлањето при боцкање ја намалува чувствителноста на болка.
Научниците не се сигурни зошто тоа така се случува, но сугерираат дека кашлањето може да предизвикува покачување на крвниот притисок, со што ја намалува перцепцијата на болката.
8. Направете го консумирањето сладолед забавно искуство, не искуство кое предизвикува главоболка
Главоболка што се појавува после консумирање или пиење нешто многу ладно е многу честа појава. Ова се случува затоа што кога јадете нешто ладно, мозокот се обидува да се задржи на топло и да прифати полесно одредени промени кои се случуваат во организмот, што пак доведува до појава на главоболка.
Може да се ослободите од оваа болка и едноставно да го загреете мозокот со триење на горниот дел од устата со вашиот јазик.
9. Не ги мијте забите веднаш по оброкот
Четкањето на забите веднаш после оброк може да изгледа како најдобар начин да ги отстраните остатоците од храната во усната празнина, но не е така. Ова е затоа што многу од прехранбените производи што ги консумираме или пиеме се кисели (како што се доматите, лимоните, сок од портокал, итн.). Четкањето веднаш по оброкот може да го забрза ефектот на киселина на вашата дентална обвивка и да предизвика да еродира. Почекајте околу 40 минути по вашиот оброк, пред да ја користите четката за заби.
10. Гумата за жвакање може да ја подобри вашата меморија
Истражувањето спроведено на универзитетот Ковентри откри дека жвакањето гуми за жвакање со вкус на нане може значително да го намали чувството на замор и да ја зголеми свесноста на една личност. Во одделно истражување пак, психолозите од Велика Британија, откриле дека гумата за жвакање може да ја подобри мемомријата за околу 35%. Па така следниот пат, наместо да пиете кафе, можеби следниот пат пред важен испит, да се обидете да ги запаметите одговорите со гума за жвакање.