10 однесувања кои животните ги делат со луѓето
Стоболките, слично како луѓето, имаат свој јазик за комуникација. Не само тоа, животните всушност можат да почувствуваат љубомора! Постојат многу човечки однесувања што некои видови во животинското царство ги споделуваат со нас.
Токму денес ви откриваме кои 10 однесувања што се вообичаени за луѓето, ги споделуваат и животните:
1. И волците може да бидат осамени
Чувството на осаменост е нешто заедничко со волците, но тие го изразуваат тоа малку поинаку – со нивното завивање. Може да има различни значења, но едно од оние значења што сметаме дека е многу интересно и што нè потсетува на нас самите, е како нивното завивање едноставно би можело да биде порака која вели: „Ми недостигаш“ на нивните партнери, пријатели, па дури и водачи.
2. Малите слончиња личат на бебиња
На ист начин како што бебињата сакаат да си го цицаат палецот за да им биде поудобно, така прават и слончињата, но наместо палец, тие ја користат сопствената сурла.
Тоа е однесување што најмногу може да се забележи кај најмалите, но понекогаш, кога постарите слонови се нервозни или не се сигурни во нешто, тие исто така можат да ја цицаат сопствената сурла. Некои возрасни луѓе веројатно го прават и тоа без воопшто да сфатат.
3. Китовите се популарни пејачи
Китовите пеат, и на свој начин, некои китови се во можност да пеат популарни песни. Нивната музичка продукција се шири околу океанот, и иако понекогаш моделот на мелодијата се развива, темата на нивната песна останува иста.
4. Животните можат да развијат ирационални стравови
Можеби имате еден или повеќе стравфови и не можете навистина да објасните зошто точно постојат. Исто како нас и животните имаат одредени стравови што немаат премногу смисла. Тие постојат во нив поради основната закана на предаторите.
Нивните предатори го тероризираат својот плен, а тоа ги тера да постапуваат ирационално, иако можеби немаат од што да се плашат. Ова дури може да влијае на начинот на кој тие ги хранат своите потомци.
5. Мравките се земјоделци и чуваат и домашни миленици.
Мравките ги чуваат лисните вошки како домашни миленици. Ги држат до себе затоа што се добар извор на храна. Сепак, тие не ги јадат, ги јадат нивните секрети, бидејќи се шеќерни и добри за мравките.
Тие се исто така земјоделци, при што одгледуваат габи, во основа на ист начин како што ние одгледуваме различни земјоделски култури.
6. Животните можат да се заљубат
Истражувањата покажаа дека животните имаат хормон кој им овозможува да се за заљубат. Процентот на овој хормон во крвта се зголемува по интеракции со луѓе или нивни пријатели животни, што докажува дека исто како нас, тие имаат многу љубов да подарат.
7. Мајмуните се во можност да разговараат едни со други користејќи богат вокабулар
Истражувањата покажаа дека звуците и криците на мајмуните се всушност богати со информации. Тие исто така можат да го променат значењето на нивната комуникација со различни повици. Тие го прават ова кога треба да комуницираат со своите пријатели за многу различни закани, на пример, на ривалска група што им се приближува, или можеби дури и паднато дрво.
8. Мајмуните ја отфрлаат нееднаквоста
Мајмуните длабоко се грижат за праведноста и дури одат дотаму што се чувствуваат навредени кога ситуацијата не е праведна и фер.
Во еден експеримент каде мајмуните биле научени да даваат камчиња за парче краставица, имало време кога истражувачот понудил грозје на еден од мајмуните, што довело до тоа некои други мајмуни да се чувствуваат навредени затоа што претпочитаат грозје пред краставици. Некои дури и го фрлија парчето краставица назад кон истражувачот.
9. Бебињата лилјаци сакаат да бидат покриени со ќебиња на ист начин како што тоа го прават човечките бебиња
Кога лилјаците стануваат сираци, спасувачите користат ситни мали ќебиња за да ја имитираат топлината на крилјата на нивната мајка. Човечките бебиња се обвиткуваат во ќебиња на ист начин.
10. И стоболките исто така користат јазик
Професор од универзитетот во Северна Аризона ги помина последните 30 години од својот живот истражувајќи за комуникацијата на стоболките. Тој верува дека нивните повици можат да разликуваат многу специфични карактеристики за тоа што го опишуваат. На пример, ако пред нив помине низок човек во жолта кошула, нивниот звук би бил поинаков отколку кога ќе помине висок човек со сина кошула.