10 особини на добро воспитани личности
Доброто воспитание е комплексен процес, на кој секој родител треба да посвети многу внимание. Ова се особините на добро воспитаните личности. Дали сте еден од нив?
1. Дали знаете дека трпението е доблест?
Не мора сѐ да добиете сега и одма. Возрасните кои родителите не ги научиле на трпение во јавноста, може да се однесуваат полошо отколку добро воспитано тригодишно дете.
2. Секогаш мислите на другите
Додека разговарате со другите во круг, се поттргнувате да направите место за личноста што е зад Вас да може да се уклучи во разговорот. При тоа не им влегувате на другите во збор.
3. Вие сте свесни за Вашата околина
Кога ќе дојдете до паркингот и ако видите дека некој чека за Вашиот паркинг, брзате за што пократко да чека.
4. Кажувате Ве молам и Ви благодарам
За ниту едно дете не е оправдување за неучтивоста. Експертите посочуваат дека родителите треба да бидат свесни за разликата помеѓу срамежливост и недостаток на компетентност и да престанат да доаѓаат со изговори за непристојните деца. Детето мора да научи да каже Ве молам и Ви благодарам.
5. Не барате од другите луѓе потврда за Вашите сопствени вредности
Лошо воспитаните луѓе прават добри работи исклучиво со цел да ги фалат. Добро воспитаните лица ќе им помогнат на другите и на никој нема да кажат за тоа. Нивната намера е да помогнат, а не да добијат внимание.
6. Секогаш им станувате на бремена жена или постара личност
Во јавен превоз или чекална, секогаш го отстапувате своето место на постара личност или бремена жена.
7. Не отежнувајте му ја работата на другите
Во продавница сте одлучиле дека нешто што сте зеле не ви е потребно? Треба да го вратите на своето место, а не таму каде што ви е вас најпогодно.
8. Емпатични сте
Тоа значи дека може да се замислите во кожата на другите, што денес стана реткост. За емпатија се потребни имагинација и морална цврстина која на лицето и дава способност на самоиспитување и оценување на сопствената улога во дадена ситуација.
9. Ги почитуваат старите
На повозрасните од себе му се обраќате со Госпоѓо или Господине. Тоа треба да биде дел од основната етика, но за многумина и тоа е исчезнато.
10. Знаете да ја признаете својата грешка
И знаете кога не сте во право. Знаете со другите мирно да се согласувате дека не се согласувате за одредена работа, без расправии, дебатирање, да викате и да се расправате. Ќе ја признаете Вашата грешка и ќе се насмевнете