10 прашања кои најчесто си ги поставуваме пред да се одлучиме да ставиме филери за усни
Сега сме 2019 година и да си ставите филери за усни е подеднакво вообичаено како да си ја бојадисате косата. Но, да ве потсетиме дека станува збор за вистинска естетска процедура и треба да внимавате каде ја извршувате за да не дојде до несакани последици.
Колку и да сакате да ги имате полните усни веднаш и сега добро размислете кој сакате да одлучува за вашата убавина и здравје. „Др Анчевски“ се професионална ординација на естетска дерматологија каде освен што ќе ги добиете посакуваните усни, ако побрзате ќе бидете и дел од акцијата за матурантки.
Еве неколку прашања кои сите си ги поставуваат пред да стават филери за усни, а не заборавајте да одговорите и на нашите:
1. Какви филери треба да ставам?
Постојат неколку видови на филери, специјално наменети за усни, трајни, полутрајни и привремени. Трајните и полутрајните филери не се препорачуваат бидејќи се тешки и со текот на времето често се случува да направат деформитет, а корекцијата односно отстранувањето е комплицирано и се врши исклучиво хируршки. Привремените филери се хијалуронски во кои што хијалуронот може да биде во воден медиум со кои што ефектот трар пократко и филери кои содржат хијалурон во густ гел медиум со кои што контурите се поназначени и се постига нешто поголем волумен, а ефектот трае неколку месеци подолго. Доколку сѐ уште не сте сигурни во вашиот избор и за тоа каква голема и форма би сакале или уште сакате да експериментирате, привремените филери со воден медиум се вистинскиот избор за вас.
2. Дали можам да ги отстранам филерите откако ќе ги ставам?
Убавината на привремените филери е тоа што доколку не ви се допаѓат вашите нови усни од некоја причина може да се инјектира ензим за „бришење“ наречен хијалуронидаза за да ги раскине честичките и да ја забрза брзината со која се растворуваат филерите.
3. Колку големи ќе ми станат усните?
Привремените филери даваат природен изглед така што нема веднаш да излезете со огромни „пластични“ усни туку големината се додава постепено со третманите, така што можете да видите која опција најмногу ви одговара. На почетокот усните можеби ќе ви изгледаат отечени и нерамни, но тоа е ефект од самата процедура и за ден-два ќе можете да го видите самиот резултат.
4. Колку време траат привремените филери?
Најчесто траат околу 6 месеци, но за некои луѓе траат и подолго. Сѐ зависи од вашето тело и организам, односно од тоа колку брзо ги разградува филерите.
5. Како да се подготвам за третманот?
Избегнувајте разредувачи на крв. Тие ќе ја направат површината поподложна на појава на модринки и крварење, па така 10 дена пред процедурата треба да престанете да земате лекови против болки (на пример, аспирин или ибупрофен), рибино масло и витамин Е и, дури и алкохол.
6. Дали процедурата е болна?
Процедурата не е болна како што некои од нас си замислуваат. Откако усните веќе ќе ви отрнат од методот кој самиот професионален лекар го има одберено ќе почувствувате мал притисок и мало боцкање, но не и голема болка. Потоа лекарот ќе ви ги измасира усните, ќе ви ги излади до најмногу 10 минути и потоа слободно ќе можете да се вратите на дневните обврски.
7. Дали можам да ја изберам само горната или долната усна?
Секако дека можете, ова не е никаков проблем. Секако претходно консултирајте се со лекарот дали овој избор е соодветен и дали добро би изгледал на вас.
8. Дали ќе се чувствувам чудно откако ќе ставам филери?
Откако ќе го снема отокот воопшто нема да почувствувате дека сте биле на процедура за вбризгување на филери. Да, и бакнувањето ќе си остане исто.
9. Дали откако филерите ќе се растворат усните ќе ми станат виснати?
И покрај оваа општо мислење вашите усни нема да имаат бразди, ниту пак ќе виснат. Напротив, инјектирањето на усните индиректно го стимулира сопственото производство на колаген поради траумата од иглата, па усните всушност може да останат малку поголеми по инјекциите. Победа, нели?
10. Дали можам да вежбам по третманот?
Извинете, но останете надвор од салата за вежбање најмалку 24 часа. Посебно треба да ги избегнувате активностите кои го зголемуваат протокот на крв во вашето лице.
Доколку сѐ уште имате дилеми во врска со филерите за усни или било каков вид на дермални филери не го трошете вашето скапоцено време во размислување. Икористете ја промоцијата и закажете си консултации и термин во „Др Анчевски“ и препуштете им ја работата на професионалците.