10 предизвикувачи на анксиозност кои се сокриени низ целиот дом
Иако звучи изненадувачки, оставањето на вашето домашно милениче да спие во вашиот кревет може да влијае на вашето психичко здравје. Иако вашиот дом би требало да биде најмирното место на Земјата, постојат некои работи и дневни рутини што можат да направат да се чувствувате анксиозни.
Од вашата бања до вашата дневна соба – секоја соба може лесно да има незабележлив детаљ што може полека да влијае на вас, без дури и да го забележите. Токму затоа денес со вас ги споделуваме 10-те најчести предизвикувачи на анксиозност на кои треба да обратите внимаение:
1. Будење со звуците на алармот
Ненадејната бучава што ве буди наутро може да предизвика вашето тело да произведе високо ниво на адреналин. И доколку ова се случува секој ден, подолго време, тоа може да доведе до појава на анксиозност. Напротив, будењето со употреба на светлина е многу поздраво за вас. Така, може да размислите да го замените вашиот аларм со тивок, кој имитира силна дневна светлина и постепено да ве буди без да го вознемирувате вашето тело.
2. Поставување на вага во вашата бања
Постои дури и посебен израз за страв од вагата во вашата бања – гравитофобија. Кога го гледате тоа секојдневно, дури може да развиете зависност од овој уред, што означува постојано да се мерите. Подоцна, оваа навика може да се претвори во непријатно стресно чувство. За да се смирите, можете да ги скриете вагите и да бидете сигурни дека ги користите само еднаш неделно или месечно за да ја следите вашата тежина.
3. Предолго се гледате себеси во огледалото
Истражувачите од една студија ги поканија луѓето на кои им беше дијагностицирано дисморфично нарушување на телото, да учествуваат во експеримент и да ги искусат ефектите од гледањето во огледало. Тие на крајот од експериментот откриле дека набљудуваната група започнала да покажува знаци на стрес откако премногу долго гледала во нивниот одраз.
Ако веќе откриете дека се фокусирате на разни телесни недостатоци и забележувате дека постојано го проверувате вашиот одраз во огледалото, сепак може да го спречите ова непотребно изложување на стес. На пример, вашето поголемо огледало можете да го замените со помали алтернативи кои не се толку примамливи за да се загледате.
4. Ги оставате милениците да спијат во вашиот кревет
Многумина од нас не можат да одолеат да ги пуштаат своите миленици во кревет со нас, иако може да има повеќе недостатоци отколку предности кога станува збор за тоа. Не само што на овој начин можете да бидете толку блиску до нивното крзно, што може да доведе до алергии и да се разболите, туку милениците можат сериозно да го нарушат вашиот сон. Недоволното одморање е поврзано со зголемена раздразливост, зголемено ниво на стрес и многу други негативни здравствени последици. Во овој случај, подобро е да набавите посебен кревет за вашиот најдобар крзнен пријател.
5. Не обрнувате внимание на температурата
Екстремното студено или топло време може да влијае на нашето расположение, но вистинската температура во затворен простор е исто толку важна за нашата психичка состојба. Кога е премногу студено или топло околу нас, можеме да се чувствуваме демотивирано, стресно, па дури и агресивно. Идеалната собна температура што ја зголемува продуктивноста и е поволна за нашата благосостојба е 25°C.
6. Собирање спомени на едно место
Создавање на посебно место за сите фотографии на вашето семејство или пријатели можеби не е добра идеја бидејќи овој визуелен неред може да го стимулира вашиот мозок. Како резултат, галеријата со фотографии може да го наруши вашиот фокус, да го отежне опуштањето, па дури и да доведе до стрес и анксиозност. Во овој случај, подобро е да ставите фотографии во посебни рамки и да ги поставите на различни места околу вашиот дом.
7. Користење на погрешни светла за вашата спална соба
ЛЕД-светлата не треба да бидат инсталирани во вашата спална соба, бидејќи тие зрачат со значителна количина на сина светлина. Ова може да го наруши вашиот сон и да предизвика вонземиреност, што може да ве држи будни цела ноќ, што е поврзано со зголемена анксиозност и многу повеќе психолошки и физички проблеми. Подобро е да се изберат опции што произведуваат топла затемнета светлина.
8. Избор на погрешна боја на ѕидот
Постои врска помеѓу зелената боја и зголеменото креативно размислување, така што оваа боја може да биде добар избор за домашни канцеларии и студија. Црвената боја може да ве збогати со енергија, а виолетовата боја е поврзана со софистицираност. Сепак, боите како жолта или виолетова може да предизвикаат вознемиреност и негативни чувства. Исто така, прекумерната количина на бело во вашите простории може да придонесе за непријатни чувства.
9. Чување на преработена храна во ладилникот
Колбас, салама, конзервирано месо, длабоко пржена храна, рафинирани житарици, бонбони, колачи и млечни производи со многу маснотии се сметаат за преработена храна. Тие не само што можат да предизвикаат разни физички проблеми, туку можат да влијаат и на нашата психичка состојба во форма на анксиозност и депресија. Затоа, ако можете, обидете се да преминете на поздрава алтернатива што сами сте ја приготвиле.
10. Опуштање со гледање телевизија
Гледањето телевизија за многумина може да изгледа како релаксирачка вечерна активност, меѓутоа, на многу начини може да биде поврзано со анксиозноста. На пример, некои емисии, како што се новостите, трилерите или криминалните документарци, можат да предизвикаат вознемиреност. Покрај тоа, долгото седење во една позиција го одржува вашето тело неактивно, што може да доведе до стрес и замор. Ако сакате да се опуштите после работата, можете да направите релаксирачка купка сол или да практикувате лесна јога.