Варење

Нането содржи антиоксиданси и фитонутриенти кои се корисни за желудникот. Мирисот ги активира плунковите жлезди кои лачат ензими исклучително важни за варењето. Освен тоа ги опушта стомачните мускули, што ја намалува веројатноста за грчеви.

Болка

Освежувачкиот мирис на растението е брзо и ефикасно средство против гадење и главоболка. За побрз ефект може челото да се брише со лисјата од нане. При мускулни болки може да се користи етерично масло од нане – измешајте 1 чаша морска сол, 1/3 чаша маслиново масло и 6 – 8 капки од маслото. Масирајте го 5 – 10 минути болното место и потоа исплакнете.

Против висок крвен притисок

Нането содржи калиум кој помага за намалување на крвниот притисок и срцевиот ритам.

Секрети

Силната миризба на нане помага за прочистување на носот, грлото, белите дробови. Нејзиниот смирувачки ефект делува при силна кашлица, па затоа е добро да се направи чај. Дишните патишта реагираат поради воспалителни својства.

Лошо расположение и замор

Понекогаш мирисот на нане е доволен за да се почувствува човек повеќе активен. Тоа е истовремено природен стимулатор и смирувач. Ако сакате да го почувствувате овој ефект, наполнете када со топла вода и додадете свежи листови од нане.

Проблеми со кожата

Бришење со листови од растението помага за расчистување на кожата од мозолчиња и акни, поради високата содржина на антиоксиданси. Мирисот на пеперминт го смирува чешањето по каснување од комарец, оса, пчела. Но најдобро дејствува, ако местото на каснување се истрие со лисја од нане.

Прекумерна тежина

Бидејќи делува добро на дигестивниот систем, поради тоа што го стимулира лачењето на дигестивните ензими, исто така помага и при апсорпцијата на корисни материи и многу масти, претворајќи ги во добра енергија, а не во телесни масти.

Астма

Одлично средство за астматични, кои добро е да прават инхалации со нане и да пијат чај од растението. Моментално олеснување: во врела вода треба да додадете неколку листови нане и да дишете над садот.

Усна шуплина

За да се запрат различни воспаленија и за убивање на штетните бактерии доволно е да џвакате свежи листови нане неколку минути.

Рак

Постојат се повеќе истражувања кои тврдат дека растението може да го запре развојот на некои видови рак. Причината е дека растението содржи материи кои помагаат да се запре снабдувањето со крв на канцерогени клетки.

Нането е лесна за одгледување

Нането сака светлина, затоа може да ја чувате на прозорец, но почвата треба да е влажна. Најзгодно место за чување е кујната, за да не заборавате да го користите и како зачин. Добро е одвреме навреме да ги исчистите лисјата, за да го стимулирате растот.