Во летно време, сите сакаме што повеќе време да поминуваме на отворено, на балкон или во природа и да уживаме во раскошното и миризливо зеленило. Но, комарците знаат да ја уништат целата идила.

Овие здодевни инсекти можат да го уништат и најсовршениот одмор. Затоа, во продолжение ви откриваме рецепти за природни мириси, со чија помош ќе се ослободите од комарците и ќе се препуштите на уживање на летната сезона:

1. Ванила во прав

Измешајте ванила во прав со бебешки лосион, во сооднос 1:10 и нанесете го на целото ваше тело. Исто така, можете да ја растворите ванилата во вода и во форма на спреј, да ја напрскате вашата кожа и облека.

2. Етерични масла од анасон, каранфилче, босилек и еукалиптус

Сите овие масла ги елиминираат комарците. Можете да ги нанесете на кожата, облеката или низ места во самиот дом. Ратворете 5-10 капки во чаша вода.

3. Боздел

Ставете свежи гранчиња од боздел во вашата соба. Тие ќе ги уплашат и елиминираат комарците на брз и ефикасен начин, подеднакво лесно како што тоа би го направиле ливчињата од доматите. Но, бидете внимателни, бозделот има силен мирис, што би можел да го наруши вашиот сон. Па така, пред спиење, преместете го во друга просторија.

4. Каранфилче

Ставете 5 грама каранфилче во вода и варете 15 минути. Измешајте 10 капки од оваа течност со 1 лажица колонска вода и нанесете на вашето тело. На овој начин, можете да седите на отворено без комарците да ви додеваат, а ефектот на мирисот ќе трае 2 часа.

5. Гранчиња од смрека

Доколку планирате кампување или слично, во тој случај, во огнот што планирате да го направите, додадете и гранчиња од смрека. Тоа ќе ги елиминира комарците успешно.

6. Масло од кедар

Мирисот на кедар не само што ќе ви го реши проблемот со комарците, туку и со мувите и лебарките.

7. Камилица

Камилицата се смета за древен природен лек против комарците. Лекот се приготвува така што ливчињата, цветовите и гранчињата се сушат, а потоа се сецкаат со блендер, за да претворат во форма на прав и да се нанесат низ клучни места во домот. Правот директно влијае врз нервниот систем на инсектите.

8. Пченица

Во минатото, луѓето ја користеле пченицата за да го решат проблемот со комарците. Ставете полна дланка исецкани корени од пченица, ставете ги да се варат во 1.5 литри вода и варете до трипати, додека не станат жолти. Измијте го лицето и кожата со оваа течност и ниту еден комарец нема да ви се приближи.

9. Ливчиња од босилек

Може да насецката свежи ливчиња од босилек и да ги нанесете на видливи места низ домот или пак да ги нанесете на вашето тело, со благо триење.

10. Масло за готвење, шапмон и оцет

За да го приготвите овој моќен домашен лек против комарците, ќе ви биде потребно евтино масло за готвење, шампон и 9% оцет. Измешајте ги состојките во еднаков сооднос и мешајте сè додека не се појави пена. Напрскајте ја смесата на вашето тело или ставете ја во сад и оставете го истиот отворен.

Комарците бегаат од мирисот на оцетот, шампонот ќе го сокрие истиот, а маслото го прави безбеден за користење.