10 работи кои би требало да ги држите подалеку од бањата по секоја цена
Толку сме навикнати да одиме во тоалет и таму да ги пронајдеме вообичаените работи, што едвај некогаш застануваме да размислиме дали е навистина „нормално“ да ги чуваме тие работи таму.
На прв поглед, може да изгледа чувањето на обичниот брич, па дури и тоалетна хартија, е вид на очигледна работа што треба да стои во бањата, бидејќи ќе ги користиме тие работи само во тој дел од домот. Но, всушност, се докажа дека работите што вообичаено ги чуваме во бањата е подобро да ги поставиме на сосема друго место.
Денес ви откриваме кои 10 работи дефинитивно не треба да ги чуваме во бањата, од хигиенски и безбедносни причини:
1. Бричеви
Поради високото ниво на влажност во бањата, бричевите би можеле значително побрзо да ‘рѓосаат, што ќе го направи бричењето не само помалку ефикасно, туку и навистина болно.
2. Пешкири
Како што рековме претходно, бањата е просторија во куќата каде што е висока веројатноста да се појават мувла или габи поради високата влажност. Имањето работи како бањарки, наметки или пешкири во бањата може да помогне во создавањето на микроби во ткаенините, што доведува до нехигиенска, миризлива и опасна по нашето здравје, ситуација.
3. Лекарства
Поради високото ниво на влажност и топлина, лекарства би можеле да ја изгубат нивната лековита ефикасност.
4. Накит
Накитот може брзо да ‘рѓоса доколку е изложен постојано на влага.
5. Парфеми
Поради ефектот на влагата и драстичните промени во температурата, парфемите би можеле да го изгубат нивниот мирис.
6. Електрични уреди
Станува збор за влошувањето на електричните апарати што можат да го претрпат поради постојаната влажност на воздухот, но и поради опасноста да се има овој вид предмети во близина на извор на вода.
7. Средства за чистење
Влажноста и промените во температурата може да влијаат во ефикасноста на средствата за чистење, а притоа таму се и лесно достапни за децата, што ги прави опасни по нивното здравје.
8. Шминки и четки
Повторно поради влажноста и промената во температурата, шминките можат побрзо да го изгубат нивниот сјај и боите, а додека пак на четките постои ризик од развивање на габи и мувла.
9. Додатни ролни тоалетна хартија
Бањата е место кое микробите го обожаваат поради многу причини, така што чувањето на тоалетна хартија таму, особено ако тоа го правите близу до тоалетот, потенцијално може да доведе на тоалетната обививка да се развијат голем број на микроби.
10. Книги и списанија
Влажноста може трајно да ги оштети вашите книги и списанија. Во некои случаи, можете дури и да ги отворите и да пронајдете мувла помеѓу страниците.