10 работи кои требаше да му ги кажам на моето дете пред да тргне на училиште
Ако вашето дете наскоро ќе тргне на училиште, во прилог прочитајте 10 совети од една мајка, која сменила 2 училишта бидејќи нејзиното дете не можело да се вклопи во средината. А сега го научила неколку важни лекции, прочитајте кои.
За секое дете, училиштето е збир од добри и лоши искуства. Затоа родителите треба што е можно повеќе да ги подготват за тој нов свет, бидејќи постојат некои работи кои само родителите знаат како да им ги објаснат.
Така оваа мајка, чие дете е во петто одделение, решила да ги сподели следните совети кои му помогнале на нејзиното дете, а ги споделува надевајќи се дека ќе им помогне на родителите кои се соочуваат или допрва ќе се соочуваат со вакви ситуации.
Многу е важно да им ги објасните следниве работи на вашите деца:
1. Твоето ментално и физичко здравје е поважно од лекциите. Доколку се чувствуваш лошо, кажи некому.
2. Не се споредувај со другарчињата. Одиш на училиште да стекнеш знаење, а не оценки.
3. Ако имаш потешкотии да совладаш некоја задача, слободно прашај ја наставничката за помош
4. Во ред е да се чувствуваш нервозно пред тест. Но запомни, училиштето е само дел, а не целиот твој живот.
5. Не повредувај и малтретирај никој. Луѓе кои малтретираат се слаби луѓе.
6. Ако не ги прекршиш правилата, никој не може да те казни.
7. Ако ги прекришиш, може да те казнат. Но, ако казната ги премине границите, извести не.
8. Почитувај ја својата наставничка. И таа е живо суштество со емоции.
9. Научи да комуницираш со своите соученици.
10. Можеш да стекнеш знаење и надвор од училиштето.