10 работи во домот, кои се кич и демоде и ја нарушуваат удобноста во вашиот дом, според експертите
Секој од нас сака неговиот дом да биде удобен, топол и пријатен, па за таа цел, потребно е на одредени работи при уредувањето да заборавиме, бидејќи според експертите за ентериер, тие само доведуваат до лош изглед на домот.
Еве за кои 10 работи конкретно станува збор:
1. Шарен тапациран мебел
Шарениот мебел можеби изгледа симпатично во салоните или списанијата, но истиот тешко може да се вклопи во идејата за една пријатна домашна атмосфера. Експертите советуваат, кога станува збор за мебелот, да избирате еднобојна палета.
2. Единечни слики во огромни рамки
Кога на ѕидот виси една голема слика, дури и да е во уште поголема рамка, истата според дизајнерите за ентериерн, воопшто не изгледа хармонично. Комбинацијата од 2-3 помали слики ќе биде поизвонредна идеја.
3. Завеси со повеќе слоеви
Овој вид на завеси се само соодветни за одреден тип на простор. Затоа подобро е да изберете завеси од вообичаена поедноставна ткаенина, при што на овој начин ќе ја направите просторијата посветла и поголема.
4. Бројни бескорисни полици
Бројните полици, закачени на ѕидот во комплетен хаос и го отежнуваат изгледот на самиот простор, притоа дополнително ќе имате многу повеќе наталожено прашина. Подобро е да прикачите 1-2 полици и истите да бидат симетрични.
5. Монотон ентериер
Ѕидот, подот, мебелот, завесите- сето тоа во еден тон изгледа навистина отмено, но и тука треба да знаете за умереност. Доколку сите предмети изгледаат пресовршено и сите детали се во една боја, просторот набрзо може да изгледа здодевно. Експертите препорачуваат да изберте една боја во повеќе потемни и посветли нијанси.
6. Погрешен распоред на мебелот
Најпрво потребно е во предвид да се земе големината на просторот и доколку собата е голема, не е неопходно мебелот да мора да биде подреден веднаш до ѕидовите. Наместо тоа, намесете го кон центарот на просторот.
7. Слабо осветлување
За да ви биде што поудобно во вашиот дом, потребно е да имате повеќе светлина во истиот. Просторот ќе изгледа многу пошармантно доколку во истиот има повеќе умерени извор на светлина.
8. Бојата на ѕидовите
Премногу светлите или премногу темните бојадисани ѕидови создаваат поголем притисок и неудобност во домот. Умерено светлите ѕидови ќе го направат просторот визуелно поголем и ќе ве направат да се чувствувате удобно.
9. Премногу впечатливи детали
Премногу впечатливите детали доведуваат до тоа луѓето кога ќе влезат во просторијата да се изгубат од толку шаренило. Дизајнерите препорачуваат да изберете 1-2 детали во впечатлива боја и да ги поставите на соодветно растојание од вратата.
10. Неред
Дури и најубаво уредената и најидеална просторија ќе го изгуби својот шарм, доколку предметите во неа не се подредени и целиот простор е неуреден.