10 разлики меѓу жената со која тој спие и жената која ја сака
Дали некогаш сте се запрашале каква е разликата меѓу љубовта и обичниот интимен однос? Понекогаш сите имаат потреба и од едното и од другото, но што тоа конкретно претставува за мажот?
Прочитајте ги следните разлики која ја откриваат вистината, која многу жени понекогаш не сакаат да ја слушнат:
1. Жената со која спие ја сака на полноќ
Кога тој излегол со пријателите, а не му се насмевнала среќата таа ноќ, тој секогаш знае дека има на кој да се јави.
2. Тој се жртвува за жената која ја сака
Под тоа се подразбира, некогаш да не излегува со пријателите, туку наместо тоа да остане заедно и да й посвети време на жената која ја сака.
3. Жената, со која спие може да си прави што сака
Таа е пријателка од која има корист и може да прави како што си сака и со кога сака. Може да не зборуваат со денови и недели.
4. Жената која тој ја сака, секогаш се труди да ја заштити
Колку повеќе се заљубува во неа, толку повеќе сака да ја заштити. Ако таа не му одговори на телефонскиот повик или не му врати на пораката, тој ќе биде загрижен.
5. Жената, со која спие е само за забава
Тој не е заинтересиран како таа си го поминала денот или какви чувства има истата кон него.
6. Тој е посветен е на жената која ја сака
Тој секогаш е внимателен, кога ја запознава со своите пријатели, сака сите да го запаметат нејзиното име. Зошто? Бидејќи сака да ја почитуваат, како тој што ја почитува.
7. Нема очекувања од жената со која спие
Тие се гледаат само за секс и за него тоа е совршено. Без емоции, без романтика, повеќе од одлично, нели?
8. Жената, која ја сака, добива изненадувања
Кога некој маж е вљубен, тој, жената ја изненадува со внимание и подароци. Сака, таа да е среќна.
9. Жената со која тој спие е повремена
Тој за кратко ќе го изгуби интересот кон истата и ќе пронајде нова пријателка од овој тип.
10. Жената која тој ја сака е неговата иднина
Тој едноставно не може да си го замисли животот без истата.