10 секојдневни набавки што всушност можат да го уништат вашиот буџет
Многу често, луѓето ја потценуваат улогата на малите трошоци. Затоа честопати кога сакаме да заштедиме не знаеме од што да скратиме, но всушност, во најголем дел од времето, она што навистина треба да го направиме е да ги анализираме нашите навики и да се обидеме да најдеме поевтини алтернативи. Погледнете кои секојдневни набавки го отежнуваат вашето штедење.
10. Течен сапун
Многу луѓе се одлучуваат за течен сапун наместо класичен. Но нема причини да се плати повеќе за течен сапун. Постојат многу сапуни што не ја прават кожата сува и нема доказ дека сапуните можат да бидат седиште на бактерии. Кластичните сапуни се многу поевтини за купување, па затоа се подобра опција ако се обидувате да заштедите.
9. Купување храна однапред
Специјалните понуди и попустите честопати прават да сакаме да купиме повеќе отколку што навистина ни требаат. На крајот, ние фрламе дел од храната што ја купуваме, и испаѓа дека вопшто не сме ги искористиле сите предности на овие попусти. Постојат многу начини да се спречи ова. Може да направите список на работи што треба да ги купите (за да избегнете импулсивни набавки), да купите замрзнат зеленчук и да го испланирате менито за следната недела.
8. Памукчиња
Обично за да ја отстраните шминката ви требаат повеќе од едно памукче, па така многу брзо го трошите пакувањето, и за една недела вие веќе купувате ново. Но сега има подобри опции, како „памукчиња“ што можете да ги користите секој ден. Тие можат да бидат направени од бамбус, микрофибер или фланел, а може да ги миете по секоја употреба.
7. Облека за специјални прилики
Длабоко во фиоките на сите имаме парчиња облека кои веќе не се во мода. Според студиите денес лѓето купува 60% повеќе облека отколку што купувале пред само 15 години. Исто така знаеме дека околу 12% од облеката во женските гардероби воопшто не се носи. Сето ова укажува на фактот дека треба да купуваме покритично, односно да купуваме парчиња кои се безвременски и може да ги комбинираме за повеќе пригоди.
6. Хартиени крпи
Идејата за хартиени крпи за чистење површини, како што е на пример кујнската маса, е примамлива, но ако треба да заштедите пари, не е најдобрата опција. Можеби не изгледа како голема работа, но на долг рок, многу е поевтино да користите микрофибер крпи.
5. Готови оброци
Филети риба, претходно исечен зеленчук и мешавини од салата се едни од најистакнатите примери за како трговци и производители заработуваат пари од нашата мрзеливост. И покрај заштедата на многу време и енергија, не е ефтино да се купува таква храна цело време. Вреди да се напомене и дека измиениот зеленчук има многу пократок рок на траење, а некои измиени и исечени овошја имаат помалку хранливи материи затоа што доаѓаат во контакт со кислород.
4. Вода во шишиња
Од краткорочна перспектива, купувањето шише вода е многу поевтино отколку купувањето филтер. Но, долгорочно, филтрите се очигледно поевтини. Се разбира, фреквенцијата на менување на филтрите во голема мера зависи од квалитетот на водата што ја имате во регионот. Но во просек филтрите треба да се менуваат еднаш до двапати годишно, така што ова е дефинитивно поевтина опција.
3. Чланарина во теретана
Да се уплати годишна чланарина во теретана и да се игнорира подоцна е многу популарен проблем. Според студиите, на крајот од секоја година, околу 37% од луѓето донесуваат одлука да вежбаат повеќе. Но, студиите исто така покажуваат дека повеќе од 50% од луѓето кои уплаќаат годишна чланарина во теретана всушност не одат во теретана. Која е поентата да плаќате за чланарина кога знаете дека нема да вежбате? Изберете вид на вежбање во која уживате и држете се до тоа.
2. Бескорисни производи за убавина
Пилинзи против целулит, маскара за долните трепки, неонски нијанси – индустријата за убавина прави многу работи за да нè воодушеви и да направи да сакаме да купуваме повеќе производи. Затоа за да заштедиме пари, треба да размислуваме критички. Одамна е докажано дека ефектот на антицелулитни пилинзи е мит, а палетите со неон нијанси најверојатно ќе останат неупотребени , и нема апсолутно никаква смисла во маскара само за долните трепки. Обидете се да бидете покритични во врска со производите за убавина што ги купувате.
1. Шампони и гелови за туширање во цврсти шишиња
Геловите за туширање и шампоните често се продаваат во многу дебели шишиња што може да се користат многу подолго. Ова е причината зошто не мора да купувате нови шишиња секој пат кога ќе го потрошите производот и можете да се одлучите за полнење. Шампоните во пластични ќеси се најчесто поевтини, а вие едноставно може да го претурите производот во старото цврсто шише што веќе е во вашата бања.