10 секојдневни работи кои повеќето од нас ги прават погрешно
Секојдневието е доволно тешко со бројните обврски, па затоа ни се потребни исто толку трикови кои ќе ни го олеснат истото. Компаниите мислеле на тоа, само ние не сме свесни за тајните на нивните корисни дизајни.
Еве кои 10 секојдневни работи, повеќето од нас ги прават погрешно и кој всушност е правилниот начин:
1. Трик со метрото за мерење
За сите оние кои не се експерти во мајсторските работи, метрото за мерење има мал пресек на предната страна од издадениот дел, а тој пресек е таму со причина. За да го прикачите безбедно на завртки и да измерите прецизно, без истиот да се помести.
2. Тавите доаѓаат со дупчиња кои имаат огромна корист
Најверојатно досега сте забележале дека на тавите за готвење т.е на нивните рачки имаат дупчиња. Истите тие служат за да ја придржат лажицата со која готвите, а истовремено кога не ги користите, за ги прикачите на ѕид, потпирајќи се на завртката која ќе минува низ дупчето.
3. Забниот конец треба да биде заврзан на краевите, за да се спречи неговото лизгање од прстите
Бидејќи на забниот конец има забен восок кој овозможува полесно триење меѓу забите, истиот тој восок може да предизвика полесно лизгање на конецот од прстите. Затоа е потребно краевите добро да ги заврзете, при неговото користење.
4. На отворот на кутијата од Тик-так бонбоните има специјален дел за истите, кој овозможува нивно полесно излегување
Повеќето од нас, го користат првиот, погрешен начин, па наместо една, излегуваат 3-4 бонбони. Правилниот начин е само обратно поставување на кутијата, при кој ќе излегува една бонбона своевремено.
5. Хартиените кутии од кинеската храна всушност се чинии
Јадењето од хартиениот сад не дозволува сите поеднакво да земат од храната, а доколку при рака не ви се вистински чинии, не грижете се, рестораните мислеле и на тоа. Едноставно полека одвиткајте го садот во поголема тенка површина, во форма и функција на чинија.
6. Спречете го поместувањето на цевчето за пиење во лименката, така што ќе го поставите низ металниот прстен
Присутните меурчиња во газираните пијалоци предизвикуваат сламката постојано да лебди и да биде во нерамнотежа. Спречете го овој проблем со едноставно протнување на цевчето низ металниот прстен на лименката.
7. Зацврстете ги каблите да не се исклучуваат од приклучокот, така што ќе ги заврзете
И при само најмало нагло движење и повелкување, каблите лесно можат да се исклучат од приклучокот, а истовремено да се прекине вашата работа. За да го спречите ова, едноставно заврзете ги како на фотографијата.
8. Пластичните чаши имаат сопствени подлоги
Овие подлоги можете да ги искористите и за стаклените чаши дома.
9. Наместо нагоре, одлепувајте ги лепливите ливчиња дијагонално, за да подобро се залепат подоцна
Ова најверојатно сите го правиме погрешно. Инстинктивно, ливчето го влечеме нагоре, кон делот каде што стои лепакот, но правилно е одлепувањето дијагонално. На тој начин, подоцна на потребното и посакувано место, поцврсто ќе стојат залепени.
10. Притиснете ги страничните мали дупчиња на златната пластична подлога од Тофифи бонбониерата, за да полесно ги земете чоколадните бонбони, без да ги уништите
Исто како дупчињата на тавите, ниту пак дупчињата од омилената бонбониера на повеќето, компанијата не ги ставила напразно.
Бонус: Правилниот начин на кршење на Тоблеронето, е кон надолу
Уште еден омилен десерт на сите, кој на повеќето им предизвикува потешкотиите со неговото јадење, бидејќи чоколадата има прецврста текстура. Затоа, најлесниот начин за консумирање Тоблероне е со откршување на парчињата, притискајќи ги кон надолу.