10 симптоми кои предупредуваат за високо ниво на шеќер во организамот
Од голема важност е секој од нас да се грижи и да го негува сопственото здравје, а за таа цел, меѓу другото, важно е да обратиме внимание на нивото на шеќер во нашиот организам.
Симптоми кои предупредуваат за високо ниво на шеќер во организамот
Ризикот од неправилниот начин на исхрана е застапен во висок процент и тој не се манифестира само преку промените во телесната тежина.
Кога зборуваме за неправилна исхрана, постојат и други области врз која таа влијае како што е крвотокот и шеќерот во крвта.
Тоа може да биде исклучително опасно бидејќи крвта е клучниот елемент кој го поттикнува нашето тело да се движи и да биде активно, а во продолжени прочитајте кои се симптомите кои се индикатор за високо ниво на шеќер во крвта:
- Често уринирање или уринирање во текот на цела ноќ
- Започнувате да имате заматен вид
- Бавно заздравување
- Постојано имате инфекции
- Чести стомачни проблеми
- Силен замор
- Сува кожа со чувство на чешање
- Прекумерен апетит
- Појава на нервни проблеми
- Зголемување на телесната тежина
Важно е да обратите внимание на храната која ја консумирате. Доколку консумирате храна со висок гликемиски индекс, тогаш нивото на шеќер во крвта ќе се зголеми.
Гликемискиот индекс го покажува количеството на јаглехидрати, кои се застапени во одреден вид на храна. Токму јаглехидратите се оние кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта.
Видовите на храна кои се рангираат со гликемиски индекс од 0 до 54, може да ги консумирате секојдневно, без грижа на совест, а еве кои се тие:
- Јајце: 0
- Шолја хумус: 6
- Шолја брокули: 10
- Лук со средна големина: 10
- Шолја јаткасти плодови: 15
- Цреши: 22
- Шолја кисело млеко: 23
- Јаболко со средна големина: 38