10 симптоми при кои телото ве предупредува дека имате здравствен проблем, а кои не треба да ги игнорирате
Секогаш е многу важно да обратите внимание на вашето тело и да слушнете што истото има да ви каже, преку манифестирањето на разните симптоми.
Човечкото тело е неверојатна машина, која секогаш треба да се одржува и негува и затоа е важно, секогаш да слушнеме за што нашето тело нè предупредува.
Во продолжение следуваат 10 симптоми преку кои телото ни укажува дека не сме толку здрави, колку што мислиме:
1. Сива коса пред 40-та година
Оваа појава често зависи од генетиката. Но, доколку имате повеќе од 50% сива боја на косата веќе пред 30-40-те години во вашиот живот, а немате таков случај во семејството, тогаш тоа може да биде индикатор за дијабетес.
2. Бенки
Иако повеќето бенки по телото не се опасни по здравјето, некои од нив всушност можат да бидат многу штетни, особено оние кои настанале како резултат на преголема изложеност на сончеви зраци.
3. Пожолтени очи
Белиот дел од очите секогаш треба да биде бел. Освен доколку не страдате од недостаток на сон или имате настинка, пожолените очи може да бидат индикатор за некои опасни промени во вашиот организам.
Пожолтените очи може да бидат симптом за жолтица, висок крвен притисок или вирусно заболување како конјуктивитис.
4. Испукани усни
Непријатните пукнатини на усните може да се појават како резултат на изложеност на ветер или промени во температурата. Но, често пукнатините на усните може и да се појават во форма на ранички на краевите, а притоа можат да бидат индикатор дека вашиот организам има недостаток од витамин Б и цинк. Доколку раните на усните се појавуваат пречесто, тоа може да укажува и на габична инфекција.
5. Подуен врат
Доколку сте забележале дека вашиот врат изгледа подуено, тогаш колку што можете порано, побарајте лекарски совет. Отокот на предниот дел од вратот вообичаено укажува на проблеми со штитната жлезда, кои се особено карактеристични за луѓето на возраст меѓу 20 и 50 години.
6. Загуба на веѓите
Веѓите со текот на годините стануваат поретки, но наглата загуба на истите може да биде знак за проблеми со штитната жлезда, хипертиреоза или хипотироза- намалена функција на штитната жлезда. Овие промени често се пропратени и со опаѓање на косата.
7. Црвени дланки
Црвените дланки може да бидат предизвикани од дерматитис, егзема, алергиска реакција на метали, лекарства, храна или напитоци. Исто така, оваа телесна промена може да биде знак на отежната работа и заболување на црниот дроб.
8. Промени при ноктите
Ноктите може да ни откријат многу за здравствената состојба на нашето тело, а различната боја и текстура на ноктите е индикатор за различни болести.
9. Студени стапала
Стапалата се дел од телото, кој е најоддалечен од срцето и поради тоа, заболувањата при крвните садови најпрво се појавуваат при истите.
10. Црвени образи
Наглите промени на лицето, кај жените на возраст меѓу 30 и 55 години, можат да бидат предизвикани од хормонски промени, промени во телесната температура или консумирањето премногу лута и зачинета храна, а црвените образи може да бидат и симптом на розацеа- хронично кожно заболување, кое ги опфаќа повеќето жени, а причната не е позната.