10 скриени причини кои предизвикуваат анксиозност, за кои повеќето луѓе не се ниту свесни
Многу истражувања, како и самата пракса покажува дека постојат бројни причини, односно предизвикувачи на анксиозност и дека притоа многу луѓе кои се борат со оваа психичка состојба воопшто не се свесни за истите.
Анксиозноста не избира пол, возраст или социјален статус. Обично се јавува како последица на стресен и емотивен настан, но може да се појави и без симптоми или знаци. Пред да се соочат со оваа состојба за прв пат, многу луѓе не се подготвени за тоа, не се свесни за ситуацијата или навиките што ја предизвикуваат.
Кога ќе се појави анксиозност, треба да го разгледаме проблемот од две насоки. Првиот е да се обратите до професионалец за помош и да најдете решение што ќе ја ублажи или отстрани состојбата. Вториот вклучува враќање во минатото и откривање кои се потенцијалните „предизвикувачи“ на анксиозноста. Ова враќање во минатото значи да откриете кои лоши навики или животни ситуации лошо влијаеле на вашето психичко здравје и емоционална состојба, а потоа да се обидете да се ослободите од нив.
10-те најчести причини за појава на анксиозност:
1. Недоволно развиен социјален живот
2. Недостаток на мотивација
3. Потешкотии во справувањето со стресот
4. Негативен начин на размислување
5. Нездрава исхрана
6. Ненадејни промени во животот
7. Нетолеранција на одредени звуци и мириси
8. Честа консумација на алкохол
9. Несоница
10. Ниско ниво на шеќер во крвта
Ако забележите некои од наведените причини во себе, обидете се да ги исфрлите од вашиот живот со соодветни техники и да стекнете здрави и добри навики.