Ризиците од изложување на премногу сонце се јасни како ден. Ултравиолетовите (УВ) сончевите зраци не само што ги оштетуваат клетките на кожата и предизвикуваат изгореници од сонце, туку исто така се докажано канцерогени за човекот, што значи дека предизвикуваат рак, според Светската здравствена организација.

Всушност, огромното мнозинство на случаи на рак доаѓаат од изложување на УВ зраци, според Фондацијата за рак на кожа. Затоа дерматолозите советуваат дека правилната нега, хидратација, користење на креми и лосиони со заштитен фактор се клуч за убава и негувана кожа. Избегнувајте пушење, солариум и претерано изложување на сонце, се со цел да ја заштитите вашата кожа од прерано стареење.

Еве неколку совети со кои вашата кожа ќе биде безбедна оваа лето:

1. Користете средство за заштита од сонце со најмалку фактор 30. Проверете дали е водоотпорно и повторно нанесете на секои два часа, особено по пливањето или потењето.

 

 

2. Кремата за сончање нанесете ја 30 минути пред да се изложите на сонце за да има време вашето тело да ја апсорбира.

 

 

3. Бидете великодушни при примена на кремата за сончање. 30гр крема треба да го покријат лицето, вратот, рацете и нозете на просечниот возрасен човек.

 

 

4. Носете заштитна облека, како капи, очила за сонце, маици со долги ракави и панталони

 

 

5. Побарајте сенка кога е можно, особено за време од 10:00 до 16:00 часот, кога сончевите зраци се најсилни.

 

 

6. Избегнувајте солариум бидејќи ултравиолетовата светлина може да предизвика рак на кожата и брчки. Користете само-потемнувачки производи, но користете крема за сончање со нив.

 

 

7. Заштитете ги вашите деца така што почесто ќе им нанесувате крема за сончање од најмалку 50 фактор и погрижете се да се играат во сенка и соодветна облека.

 

 

8. Бебињата помали од 6 месеци никогаш не треба да бидат на директна сончева светлина и секогаш треба да носат шапка и облека што ги штити од УВ зраци.

 

 

9. Возрасните треба да вршат редовни самоиспитувања. Тоа е лесен начин за откривање на абнормалности. Доколку за нешто не сте сигурни закажете си преглед во професионална дерматолошка ординација.

 

 

10. Разговарајте со вашиот дерматолог почесто и правете целосна проверка на вашето тело, барем 2 пати во годината.

 

Кожата е многу важна за нас, а за жал таа е најмногу изложена на сите негативни влијанија во светот, затоа треба постојано да се грижиме за неа. Грижата за кожата треба да се препушти во сигурни раце, без разлика дали се работи за совет, превенција или пак корегирање на веќе направената штета. Во дерматолошко естетската ординација Др Анчевски ќе бидете пречекани од вистински специјалисти од оваа област и услужен персонал, кои ќе ви помогнат да го вратите здравјето и сјајот на вашата кожа.

Не ги „гуглајте“ симптомите, оставете на професионалците да ве водат.