10-те најчесто застапени видови на главоболки и причините за нивната појава
Скоро секој човек, минимум еднаш се соочил со главоболка. Таа може да биде остра, но и тапа болка, притоа може да ја опфати само едната страна, но може да се манифестира и од двете страни на главата.
За да може да определите дали вашата главоболка е индикатор за некој посериозен здравствен проблем, многу важно е да знаете каков тип на главоболка ве мачи и која е причината за нејзиното појавување.
Постојат неколку видови на главоболка, а најчесто застапените се мигрена, нервна тензија и кластерна главоболка. Причината за нивното појавување може да биде траума, заболување или здравствени проблеми со останатите системи на телото, кои навидум не изгледаат поврзани со главоболката.
Главоболките се делат на два вида: Првостепени и второстепени.
Првиот вид се сметаат за болни и здодевни, но притоа главоболки кои не му штетат на телото во голема мера.
Вторите главоболки се сметаат за симптоми и индикатори на други заболувања. Во зависност од тоа на што се индикатор, може да бидат безопасни, но подеднакво и опасни за човечкото здравје.
Истовремено, доколку често се соочувате со главоболка, најдобро е да посетите лекар за да ја утврдите точната причина за нејзиното настанување.
Зошто нè боли главата?
Тип 1: Алергиска болка
Алергијата е една од основите причини за појава на главоболка, која доведува до затнување на синусите и до зголемување на притисокот во главата.
При алергии, човекот често може да почувствува болка распространета насекаде низ целата глава, притоа и појава на чувство на јадеж при очите и нивно солзење. Овие симптоми се присутни кај луѓето кои страдаат од сезонските алергии.
Како да се ослободиме од овој тип на болка? Лекарите препорачуваат терапија со примање на антихистаминици.
Тип 2: Синузитис
По правило, овој вид на болка се појавува околу очите, образите и челото. Како да се ослободиме од овој вид на болка? Со примање на соодветни назални лекарства и антибиотици.
Доколку овој вид на болка започнува да се појавува пречесто, направете лекарски преглед за да утврдите дали немате искривување на носната преграда, т.е потребно е да се консултирате со вашиот лекар.
Тип 3: Анксиозност
Кога е подложен на стрес, човек може да се соочи со појава на главоболка во предниот дел од главата. Овој вид на главоболка може да настане како резултат на анксиозност, неспокојство, изобилство од негативни емоции и слично.
За да се ослободите од овој вид на главоболка, потребно е да научите како да се справувате со стресот. За таа цел, практикувајте често вежбање на правилно дишење и медитација. Воедно, подобрете го квалитетот на вашиот сон.
Тип 4: Кластерна главоболка
Самата кластерна главоболка е многу силна, а е сконцентрирана во пределот на очите. Често истата е проследена со затнување на носот и солзење на очите.
По правило, овој вид на главоболка се појавува во форма на ненадејни напади. Меѓу другото, жените се склони кон соочување со ваква болка, за разлика од мажите.
Лекарите не можат да посочат една конкретна причина за нејзиното појавување, но некои истражувања покажуваат дека генетската предиспозиција која може да биде засилена со консумацијата на цигари и алкохол, може да биде фактор на влијание.
Тип 5: Влијание на коефинот
Луѓето кои често консумираат кафе, може да почувствуваат главоболка доколку не се напијат од својот омилен ароматичен напиток навреме. Тоа не е никакво изненадување, бидејќи коефинот е еден вид наркотик.
Овој вид на главоболка има пулсирачки ефект и се појавува кога крвните садови се прошируваат.
Како да го решите овој проблем? Намалете ја консумацијата на кафе, односно едноставно ограничете ја дневната доза.
Тип 6: Мигрена
Мигрената е наследно заболување. Доколку некој во вашето семејство страда од мигрена, големи се шансите и вие да се соочите со истата.
Мигрената е пропратена со силна еднострана главоболка, а може да трае од 4 до 72 часа. Кај некои луѓе може да се јави и чувство на гадење, повраќање, чувствителност на светлина и звуци.
Таа се третира со соодветни лекарства.
Тип 7: Болка од тензија
Овој тип на главоболка е еден од најчесто застапените кај луѓето. Се појавува на задниот дел од главата, во слепоочницата и надолу по вратот.
Главоболката се лекува лесно, со примање на аспирин и други слични лекови.
Овој вид на главоболка може да настане како резултат на преоптовареност на вратните мускули, како и од физички и емоционален стрес.
За да го решите овој проблем, потребно е да го намалите стресот и да се опуштите повеќе.
Тип 8: Болка во термомандибуларните зглобови
Темонадибуларните зглобови се двата зглоба кои ја поврзуваат вилицата на главата, а овој вид на болка се јавува токму при мускулно скратување кај вилицата.
Состојбата при која вилицата може да биде погрешно поставена, резултира со појава на главоболка, а за нејзино лекување потребно е да се врати во нормала изместениот залак.
9. Нарушувања во дигестивниот систем
Главоболката која се јавува поради нарушувања во дигестивниот систем не мора да биде предизвикана само од храната која претходно сте ја консумирале. Главоболката може да се јави и при состојба на глад.
Покрај тоа, ваквиот вид на главоболка може да биде и резултат на алергија кон некоја храна и чувствителност.
Воедно, луѓето кои консумираат големи количества на алкохол, исто така може да се соочат со ваква главоболка, која најмногу ќе се манифестира во пределот на очите, слепоочницата и челото.
Доколку често се соочувате со ваков тип на главболка, консулитрајте се со нутриционист и обидете се да го намалите консумирањето на алкохол.
10. Гигант клеточен артеритис
Овој вид на главоболка настанува како резултат на воспаление на артериите. Нивното воспалување предизвикува појава на болка во вилицата и проблеми со видот.
Луѓето кои често страдаат од овој вид на главоболка, потребно е да направат навремен лекарски преглед и лекарска консултација, бидејќи нетретирањето на проблемот, може да доведе до загуба на видот или појава на удар.