10-те најпопуларните имиња за новороденчиња во светот, за 2019-та година
Една од најтешките задачи за новите родители е изборот на име за најновиот член во семејството.
Родителите мора да одлучат дали сакаат некое модерно или традиционално, уникатно или име кое има посебно значење за нив. Но, што и да одлучат, треба да бидат подготвени дека тоа име детето ќе го носи засекогаш и мора да биде некое кое ќе им се допаѓа.
Ако моментално барате инспирација или сте љубопитни да знаете кои имиња се најизбираните за новороденчињата во светот, американскиот сајт „Нејмбери“ штотуку ги објави 10-те најпопуларни имиња за бебињата во 2019-та година.
Според Нејмбери, листата е направена врз основа на тоа, кои имиња биле најпребарувани и на кои им припаднал најголемиот процент од 11-те милиони прегледи од посетителите кои ја отвориле базата со имиња.
Па така, за девојчињата победник е името „Поузи“, кое ја презеде титулата од името „Оливија“, кое беше најпопуларно за 2018-та година, а овој пат спадна на второто место, a третото место го зазеде „Ајла“.
Потоа следуват имињата „Аурора“, благодрение на пораснатата популарност на Дизни цртаните филмови и името „Мејв“, спред главниот лик од детска едукативна емисија во Америка.
За момчињата пак, најпопуларно име меѓу родителите е името „Мајло“, а Нејмбери објаснуваат дека тоа е поради актерот Мајло Вентимилија и неговата главна улога во серијата „Ова сме ние“.
Имињата „Џеспер“ и „Атикус“, ги зазедоа второто и третото место, а последните две места беа резервирани за „Тео“ или „Теодор“ и „Ашер“.