10 трикови за облекување со кои секогаш ќе изгледате совршено и елегантно, наместо вулгарно
Во светот на постојано менување на модата, клучот е да пронајдете свој вистински незаборавен стил. Ова може да биде малку потешко, бидејќи постојат толку многу избори и опции на располагање.
Различни форми, модни додатоци, бројни модели на чевли, уникатни текстури на ткаенини и должини – лесно е човек да се изгуби во светот на модата! Иако, доколку следите некои едноставни безвременски правила, вие за краток временски период ќе станете поим за совршенство.
Еве кои се тие едноставни трикови:
1. Стратегиски покажете дел од вашата кожа
Да изгледате секси и привлечно, не значи дека треба да се изгледате речиси голо. Наместо тоа, потребно е на елегантен начин да го истакнете вашиот сексапил. Подобро е да изберете само еден дел од телото за голо истакнување. Доколку одлучите да покажете кожа при горниот дел од телото, тогаш не треба да ги покажувате нозете и обратно.
2. Изгледајте секси, носејќи класична кошула
Кошулите со копчиња се вистинска класика која никогаш не старее. Тие помагаат можат да ги направат фармерките да изгледаат отмено и да му дадат пристојна форма на вашето тело кога носите здолниште. Најдобар начин да го облечете ова парче е да ја вметнете кошулата внатре панталоните, а воодушевените погледи вперени во вас ќе бидат загарантирани.
3. Користете модни додатоци во светли бои
Правилните додатоци и детали можат да го зачинат целиот ваш изглед. Дури и ако претпочитате да носите неутрална облека и чевли, убавата светла торба или накитот што привлекува око секогаш ќе изгледа елегантно. Но, подобро е да се има во предвид дека премногу не е никогаш добро, така што нема потреба да го преоптоварувате изгледот со сè што можете да најдете во продавницата за додатоци.
4. Изберете пантолоните според висината на вашите чевли
Панталоните што не се соодветна должина за чевлите изгледаат прилично непријатно и брзо се валкаат. Најдобро е кога краевите на панталоните го покриваат само врвот на чевлите и не го допираат подот. Тоа ќе ве направи да изгледате високо и софистицирано.
5. Ослободете ги вашите раце
Кога излегувате навечер, последното нешто што можеби ќе сакате да го сторите за постојано да ја држите вашата голема чанта. Елегантната чанта со ремен што виси на рамото ќе ги ослободи вашите раце и ќе ви овозможи да ги држите коктелот и другите закуски, вам ќе ви биде удобно и вашиот изглед нема да се чини преоптоварен.
6. Изберете облека соодветна на вашата форма на тело
Нема потреба да ги следите трендовите и да потрошите пари за сè што е модерно во текот на одредена сезона. Најважно е тука да пронајдете облека и стилови кои секогаш ќе го надополнуваат вашето тело. На пример, дамите со облини ќе изгледаат подоборо облечени во облека со А-израз и лелеави горни делови.
7. Чевлите со висока потпетица во неутрална боја се спас за секоја комбинација
Овие универзални чевли се задолжителни во сечиј плакар. Тие одговараат на секој тон на кожата и речиси на секоја облека. Доколку сте загрижени дека имате премногу бои во вашата комбинација, тогаш изберете неутрални чевли за да изгледате отмено. Покрај тоа, овие чевли визуелно можат да ги направат нозете да изгледаат подолго.
8. Не плашете се да комбинирате повеќе шари, но направете го тоа внимателно
Боите, текстурите и шарите може да се комбинираат и доколку тоа се направи правилно, вие може да изгледате неверојатно. За ова постои едноставно правило: Двете шари потребно е да бидат во сличен тон, а истоврмено може да бидат во ист стил, само едните покрупни, другите постини.
9. Изберете градник кој нема да биде видлив под вашата блуза
Маиците обично се изработени од тенка ткаенина, така што не секое парче долна облека ќе изгледа добро под нив. Лош избор на боја и премногу детали дефинитивно ќе се видат и тоа ќе привлече непотребно внимание на вашиот изглед. Добра идеја е да се носите неутрален градник.
10. Изразот на горниот дел е исто така важен
При вечерните излегувања, повеќето се чувствуваат повеќе заводливо и сакаат да носат нешто што повеќе открива. Една од најпопуларните области за истакнувањ е е деколтето. Најдоброто нешто што треба да направите тука е да откриете само 5-6 цм, но не повеќе од 10 цм од вашето деколте. Убав градник што одговара на вашите гради ќе ја заврши работата и ќе го комплетира вашиот елегантен изглед