10 цинични работи кои не секогаш се вистинити
Да се биде циничен е како вид на одбранбен механизам: Доколку ја задржите вашата надеж на ниско ниво, веројатно нема да бидете премногу разочарани доколку работите не тргнат во насоката која сте ја посакувале.
Но, постои и такво нешто како премногу цинично. Многу идеи што песимистите ги третираат како неискажани правила едноставно не се вистинити и можат да направат повеќе штета отколку добро.
Денес сакаме да ве охрабриме, односно да погледнеме на „светлата страна“ на животот! Затоа, разгледуваме неколку причини зошто безнадежното размислувањето за работите не е секогаш правилната одлука, бидејќи лошите претпоставки не секогаш се реални и вистинити.
На крај следува и бонус во кој ќе ви покажеме дека секогаш може да пронајдете златна средина во животот.
1. Бракот е само стапица
За бракот е потребно време и труд, но на крај сето тоа вреди. Ние сме социјални суштества, кои сме потребни едни на други, а бракот го рефлектира ова во најчиста форма. Луѓето треба да се грижат и да се жртвуваат едни за други. Бракот може да биде стапица, но само доколку самите направиме така да се чувствуваме. И да не се лажме, постојат и многу момчиња кои сонуваат да стапат во брак кога ќе пораснат исто како што тоа важи и за малите девојчиња.
2. Со децата само давате, но не добивате ништо назад
Овој циничен стереотип е сосема погрешен. Децата ни даваат многу: Љубов, дружба и можеби најважното, добивате некој што безусловно ќе се грижи за вас кога ќе остарите. На крајот на краиштата, често забораваме дека сите некогаш сме биле деца и единственото правилно е го подариме на нашите деца тоа што ни го обезбедија нашите родители, а нашите деца ќе го споделат истото со своите деца кога ќе пораснат. Тоа е кругот на животот!
3. Луѓето секогаш сакаат да ве искористат
Запомнете, кога мислите дека секогаш луѓето се обидуваат да добијат нешто од вас, тогаш на еден начин, се ставате себеси на одреден пиедестал. Секој е херој на сопствената приказна. Со други зборови, луѓето имаат свој живот за да живеат и имаат свои проблеми, така што веројатно не го трошат своето време размислувајќи за нови начини да ве искористат вас.
4. Секогаш треба да бидетете подготвени за најлошото
Не трошете време да бидете премногу песимистички. Животот е исполнет со добри времиња, лоши времиња и работи надвор од наша контрола. На крајот, животот е исто така она што го создавате. Доколку очекувате нешто лошо, на крај лошо и ќе се случи. Кога ќе започнете да гледате на светлата страна од животот, ќе видите дека тој може да биде и многу убав.
5. Да се биде неучтив и груб е да се биде реален и искрен
Постои едно мислење е дека доколку сте груби тоа само ќе покаже колку многу сте искрени. Секој, без разлика дали имате лошо или добро мислење за истиот, заслужува барем малку да го почитувате. Не мора да бидете пријатели со сите, но нема причина да претпоставите дека имате право да бидете груби и неучтиви од другите. Дури и кога луѓето што делуваат љубезно може да изгледаат „лажни“, тоа не секогаш мора да значи дека е така.
6. Наивноста е знак на слабост
Да се претпостави дека некој е неук за животот само затоа што е малку наивен, е исто како да претпоставите дека секогаш знаете што е најдобро. Со други зборови, секој начин на размислување има свои предности и недостатоиц. Покрај тоа, првиот впечаток и изгледот сосема може да излаже! Само затоа што некој сака да живее на посветла страна на животот, не значи дека тоа е сè што знаат.
7. Романтиката е само за бајките
Точно е дека не треба да го засновате вашиот љубовен живот на она што го читате во учебниците. За вистинската романса е потребно време и трпеливост, но здраво е и да најдете некој со кои заедно ќе ги постигнете вашите цели во животот. Исто така, запомнете дека има секаков вид на љубов и дека неопходно е најпрво да се сакате и себеси.
8. Навреди само ги претставуваат работите онака како што се
Можеби мислите дека правите добро дело навредувајќи го изгледот или навиките на една личност. Но, еве нешто што треба да знаете: Повеќето несмасни луѓе знаат дека се несмасни. Повеќето тивки луѓе знаат дека се тивки. Тие нема да мафтаат стапче и да се сменат затоа што вие го свртевте нивното внимание на тоа. Никому не правите услуга доколку постојано ги истакнувате нивните недостатоци, за кои веќе се доволни свесни дека постојат.
9. Луѓето никогаш не се менуваат
Никој не е природно добар или лош. Ретроактивно сме добри или лоши заради изборите што ги правиме во животот и намерите зад нив. Ништо во животот не е вечно, па не секогаш мора да стоите цврсто на ставот и да не верувате во промените.
10. Секој е виновен сè додека не се докаже спротивното
Како прво, сите ја заслужуваат користа од сомнежот. Луѓето цело време може да се обвинуваат за работи кои никогаш всушност не ги направиле. Воедно, светот никогаш не е црно бел и дури кога некој ќе погреши, работите лесно може да се извадат од контекст.
Бонус: Да се биде реалист е златна средина помеѓу да се биде циничен и да се биде наивен
Не велиме дека треба да бидете оптимист цело време или пак во сосема друга крајност, постојано да бидете цинични, бидејќи ваквите екстремности никогаш немаат поента, но важно е да погледнете назад и да размислите за каква било ситуација како целина. Светот е исполнет со различни околности, каде има и добри и лоши работи. До одреден степен, да се биде циничен во одредена мера е добро, затоа што ве прави свесни за лошите во светот. Главниот проблем е доколку сте премногу цинични, што ќе ве спречи да ги видите и убавите работи.