10 вежби против стареење кои Меган Маркл ги прави за време на нејзините третмани, а кои лесно може да ги направите дома
Омилениот козметичар на Меган Маркл, Никола Џос, создаде своја техника која помага да се постигне блескава и затегната кожа.
Оваа масажа на лицето го подобрува тенот и текстурата на кожата, ја поттикнува лимфната дренажа, се ослободува од било каква подуеност, го активира производството на колаген, ги поттикнува мускулите да останат цврсти и значително повеќе го истакнува лицето на совршен начин.
И најважно, овие вежби се сосема лесни за да ги научи секој и за да можете да направите во домашни услови, кога и да посакате.
Во продолжение прочитајте за кои 10 вежби станува збор и на крај, не го пропуштајте и бонусот!
1. Употребете масло
Запомнете дека масажата на лицето не треба да боли. Кога ќе започнете, може малку да биде болно, но доколку е така, едноставно не ја притискајте кожата премногу. Започнете со нанесување на омиленото есенцијално масло или ноќна навлажнувачка крема на лицето и вратот. Ставете неколку капки масло на прстите, тријте ги неколку секунди за да го загреете маслото на ниво на телесната температура, а потоа нанесете го на кожата.
2. Опуштете се
Затворете ги очите и покријте го лицето со рацете, држете неколку секунди и потоа придвижете ги рацете до вратот. Со овој чекор треба кожата да се подготви за третманите, затоа опуштете се и не притискајте премногу со вашите раце.
3. Подгответе ја кожата
Нежно притиснете ја кожата на вашето лице, почнувајќи од средината кон надвор. Во оваа фаза го активирате лимфниот систем и исто така ја загревате кожата и ја подготвувате за вистинска масажа.
4. Мали кругови
Почнувајќи од центарот на лицето, започнете да го триете маслото во кожата со мали кружни движења кон нагоре и надолу.
5. Преку вилицата
Користејќи го вашиот показалец и средниот прст од двете раце, поминете прекуу вилицата до брадата, а потоа нагоре кон ушите. Притискајте нежно. Ова е одличен начин да се стимулира лимфната дренажа и зацврсти и изедначи вашето лице. Повторете 6 пати.
6. Кревање и затегнување на образите
Користејќи го вашиот показалец и средните прсти, пронајдете ја основата на јаболчиците и движете ги прстите нагоре, правејќи V-форма. Оваа вежба се прави со цел кревање и затегнување на образите. Повторете 6 пати.
7. Јаболчици
Со внатрешната страна на рацете, притиснете ја основата на јаболчиците и спуштете ја главата во рацете. Држете околу 10 секунди. Поставете ја внатрешната страна на вашите раце на основата на јаболчиците и потоа придвижете ги дланките под јаболчиците. Повторете 6 пати.
8. Околу очите
Масирањето околу очите ќе ви помогне при појава на подуеност или оток. Започнете со нежно притискање на кожата под очите, користејќи ги вашиот показалец и средни прсти. Ова ќе ја затопли кожата и ќе ја подготви за масажа. Поставете ги показалецот во близина на аглите на очите и започнете да нежно да ги движите вашите средни прсти под очите.
9. Чело
Поставете ги прстите веднаш над веѓите и нежно притиснете, движејќи ги прстите нагоре и надолу, до линијата за коса. Повторете 6 пати. Оваа вежба се прави со цел ослободување од ситните брчки на челото.
10. Врат
Поставете ги рацете на средината на вратот и придвижете ги од средина на лицето кон надворешната страна, насочено кон рамената, со нежно притискање. Повторете 3 пати секоја страна.
Бонус
Нашите раце исто така заслужуваат да бидат негувани. Тријте ги рацете заедно додека не се апсорбираат сите масла. Редовниот третман со масло ќе помогне при сувост и спречување појава на брчки.