10 видови на алкална храна кои ќе ни помогнат брзо да ги стопиме масните наслаги
Нашето здравје, фигура и животен век зависат многу од правилната рамнотежа на киселини и бази во нашата крв.
Многу луѓе денес се потпираат на диети, кои во голема мера содржат храни со високо ниво на киселост во нив, па затоа е потребно да консумираме алкална храна, односно базна храна која ќе ја нормализира pH вредноста во нашиот организам
Еве кои 10 видови на алакална храна ќе ни помогнат во таа мисија, а воедно видови со кои за многу брзо ќе ги стопиме несаканите масни наслаги:
1. Авокадо
Истражувањата покажале дека диети кои се засниваат на авокадо, го намалуваат лошиот холестерол за дури 8.2%. Авокадото воедно помага да се неутрализираат киселините во нашиот стомак и ја подобрува дигестијата.
2. Банана
Бананата содржи 2 типа на влакна: Едните ја подобруваат дигестијата, а другите не штитат од рак на дебелото црево. Воедно во составот содржат витамини и алкали кои нормализираат нивото на шеќери во крвта.
3. Карфиол
Карфиолот има голема хранлива вредност, а ги содржи и витамините Ц, А и Б. Го зајакнува нашиот нервен систем, ја спречува акумулацијата на лошиот холестерол во црниот дроб, а содржи и калциум и магнезиум, кои се добри за нашите коски и расположение.
4. Диња
Дињата содржи каротен, кој значително ги намалува шансите за појава на рак. Потоа, содржи влакна, фолна и апсорбирачка киселина, кои заедно го зајакнуваат нашиот имоунолошки систем. А бидејќи содржи и витамин Ц, дињата ја прави нашата кожа да изгледа здрава и убава.
5. Грозје
Грозјето содржи многу здрави компоненти, кои нè штитат од одредени видови на рак, а воедно го намалуваат нивото на лошиот холестерол и го регулираат нивото на шеќери во крвта.
6. Краставица
Краставиците се одлични за отстранување на токсините од нашето тело. А благодарение на флавоноидите што ги имаат во нивниот состав, ги отстрануваат и слободните радикали, кои инаку се главни предизвикувачи на срцевите и белодробните заболувања.
7. Киноа
Киноата содржи најмногу протеини од било кои други зрнести растенија. Притоа содржи големо количество на фосфор, железо, калциум, хранливи влакна и витамин Б, кои сите заедно го подобруваат нашиот метаболизам.
8. Блитва
Блитвата содржи големо количество на витамин К, кој го подобрува процесот на коагулација и ја чисти крвта. Истовремено ги содржи и витамините А и Е, како и магнезиум, калциум и железо. Ја подбрува циркулацијата на крвта, ги прави нашите заби и коски поцврсти и му помага на телото да се бори против вирусите.
9. Лимон
Лимонот го спречува појавувањето и развивањето на рак, го намалува ризикот од удар, го чисти телото од токсини, помага кога се соочуваме со недостаток на витамини, ги решава проблемите со гастроинтестиналниот тракт и листата на здравствени предности продолжува.
10. Босилек
Босилекот содржи многу антиоксиданси и помага во детоксификацијата на нашиот организам, при што го намалува штетното влијание на стресот врз нашиот организам. Истовремено и анти-воспалителни својства, ги намалува болките и го подобрува метаболизмот.
Бонус: Како изгледаат две личности според тоа дали консумираат или не алкална храна.
Од лева страна е дадена просечна жена, а од десна стои модело Ел Мекфирсон, која е позната по тоа што долги години ја држи алкалната диета.