Денес стана популарна „здравата храна“ која носи многу ветувања, од кои голем број не се реални. Маркетинг менаџерите сакаат да нѐ привлечат да веруваме дека производите што ги купуваме се добри за нас. Но, некоја таканаречена „здрава храна“ носат повеќе штета отколку добро.

Сок од портокал

На многу пакувања пишува дека се работи за 100% овошен сок, но вистината е дека овој сок не спаѓа во здрава исхрана и доколку сакате да се храните здраво најдобро е самите да си исцедите портокал.

Чоколадца со гранули

Овие слатки иако можат да ја зголемат Вашата енергија, тие не се добри за здравјето, затоа најдобро е да ги замените со јаболки или бадеми.

Печен грав

Можеби е разочарувачки, но познатото тавче гравче, не спаѓа во здрава исхрана. Доколку сакате да го извлечете најдоброто од гравот потребно е да го сварите.

Переци

Тие имаат високо ниво на натриум и речиси и да немаат протеини. Доколку желбата е толку лоша, тогаш повремено можете да ги спарите переците со храна што има протеини и влакна (нискокалорично сирење или јаболко).

Чипс од зеленчук

Куповниот чипс не може да ја има истата хранлива вредност како што ја има вистинскиот зеленчук.

Преработена „безмасна” и „ниско-калорична” храна

Заситените масти беа најавувани како непријатели, а производителите на храна побрзаа да ги отстранат од своите производи. Проблемот е во тоа што храната нема добар вкус кога маснотиите се отстрануваат, па затоа производителите нашле едноставно решение: додавање на повеќе шеќер. Заситените масти се релативно безопасни, но шеќерот не е.

Крекери од ориз

Овие не-толку-невини крекери немаат влакна и протеини и се смета дека имаат висок сооднос на јаглехидрати во споредба со нивната тежина.

Спортски пијалаци

Спортскиот пијалок не е ништо повеќе од ароматизирана вода со шеќер и електролити (сол), што е корисно за тренингот на спортисти. Обичните луѓе навистина немаат потреба од повеќе сол, а само мал број имаат потреба од течен шеќер.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се здрави кога се јадат во умерени количини, а приближно 6 плодови ќе ви ги дадат сите придобивки и треба да ве натераат да престанете да чувствувате глад. Повеќе плодови = повеќе калории. Заборавете на сите ароматизирани јаткасти плодови (солени, зашеќерени, печени). Тие треба да бидат сирови.

Преработена органска или храна без глутен

Она што не се спомнува е дека овие органски производи и производи без глутен можат да имаат високо ниво на шеќер и да содржат рафинирани зрна и нездрави масла што ги претвораат во храна со ниски хранливи материи. Вистинската органска храна и без глутен се свежото овошје и зеленчук.