„Лузни? Стрии? Масти? Нема шанси! Само жените со прекрасни тела треба да одат на плажа.“ Многу жени вака го перципираат летниот период. Затоа секоја година многу жени следат опасни диети кои ќе им „помогнат“ да го создадат стереотипното „совршено тело за на плажа“.

Body positive движењето во Литванија “Dydis nesvarbu” или во превод „Големината не е важна“ собра 10 различни жени за да позираат за проектот „Лето за сите“. Тешко е да се верува колку силата и искуствата постојат во секоја од нивните приказни. Телата на жените на фотографиите не „претрпеле“ фотошоп или било какви други корекции.

Гиедре

„Се чувствував виновна што не можев да се сменам и да им одговарам на општествените норми.“

Одета

„Без разлика колку гледам во мојот одраз, дури и во тешки времиња во мојот живот, се чувствувам себеси.“

Ирмина

„Бев изолирана како дете. Го мразев моето тело и се срамав од него до тој степен што сакав да станам невидлива секогаш кога ќе зачекорев на плажа.“

Симона

„Моето тело е моето светилиште. Не мислам дека има такво нешто како идеално тело за плажа.“

Вирџинија

„Верувам дека моето тело и мојата душа одат заедно чекор по чекор.“

Маја

„Животот е премногу краток за да мразам, затоа избрав да го сакам моето тело, да уживам во него во овој момент и да останам искрена кон себе.“

Кристина

„Почнав да го вреднувам моето тело. Различноста го прави уникатно.“

Јуста

„Телото не е само алатка за работа, туку и начин на самоизразување.“

Неринга

„Што е всушност совршено тело?“

Естера

„Врската со моето тело станува подобра секој ден.“