10 златни совети како да изгледате луксузно, облечени како од најскапиот бренд, без да трошите богатство
Многу луѓе ширум светот претпочитаат да се облекуваат впечатливо, односно за да привлечат внимание, поради што денес ви откриваме како тоа да го направите, без всушност да мора да трошите вистинско богатство на скапа облека. Едноставно треба да избегнувате неколку грешки и да практикувате одредени работи.
1. Животинска шара
- Изгледа евтино: Целосна облека со животинска шара.
- Изгледа луксузно: Животинска шара само на модните додатоци, како шал или чевли.
2. Црна боја
- Изгледа евтино: Избледела црна боја.
- Изгледа луксузно: Црни модни парчиња, што изгледаат како нови.
3. Деколте на фустан
- Изгледа евтино: Премногу откриено деколте.
- Изгледа луксузно: Фино елегантно деколте.
4. Обувки
- Изгледа евтино: Обувки со преголем ѓон.
- Изгледа луксузно: Обувки со класичен дизајн.
5. Големина на облеката
- Изгледа евтино: Облека со погрешна големина за вас (премала/преголема т.е претесна/преширока)
- Изгледа луксузно: Облека во вистинската големина за вас.
6. Чипка
- Изгледа евтино: Премногу чипка.
- Изгледа луксузно: Фустан со мали детали со чипка.
7. Лого на брендовите
- Изгледа евтино: Лажна брендирана облека и облека напред со лого на бренд.
- Изгледа луксузно: Умерена класична облека без лого.
8. Облека во флуросцентна боја
- Изгледа евтино: Неонски бои.
- Изгледа луксузно: Елегантни богати бои.
9. Долна облека
- Изгледа евтино: Долна облека, особено градник што се гледа под облеката.
- Изгледа луксузно: Долна облека сокриена под облеката.
10. Накит
- Изгледа евтино: Голем масивен накит, најчесто изработен од пластика.
- Изгледа луксузно: Елегантни и фини парчиња накит.
10. Чанти
- Изгледа евтино: Преголема чанта со недефиниран дизајн.
- Изгледа луксузно: Чанта со јасно дефинирани линии.