103-годишна жена од Кина се излекува од коронавирусот за 6 дена
103-годишина жена од Кина се излекува од коронавирус за 6 дена, по темелно лекување во Вухан, пренесуваат светските медиуми. Жан Гунфен била отпишана од болницата во Средата попладне.
Засега таа е највозрасниот пациент во Кина, кој успеа да се излекува од новиот коронавирус.
„Причината за брзото заздравување на Гунфен се должи на фактот што возрасната жена нема страдано од други заболувања и нејзиниот организам токму поради ова успеа да ја надмине заразата.“- вели нејзиниот лекар.
По информациите од медиумите, Гунфен се заразила со коронавирусот на 1-ви март, кога нејзината состојба драстично се влошила и едвај можела да комуницира со медицинскиот тим.
И покрај тешката состојба во која била примена, лекарите не се откажале ниту миг од пациентката и благодарени и на нивниот и на нејзиниот борбен дух, 103- годишната Кинезинка успешно се излекува.