11 божиќни традиции ширум светот за кои најверојатно не сте ни слушнале
Божиќ е време за негување на традицијата, поминување време со семејството и уживање во вкусната храна, но ова може да значи нешто различно во различни делови на светот. На пример, во Јужна Африка, главното јадење се пржени гасеници, додека, на Гренланд, тие јадат кожа од кит и ферментирани морски птици.
Во продолжение ви претставуваме 11 необични божиќни традиции кои може да ги сретнете ако патувате низ целиот свет.
1. Во Јужна Африка, главно празнично јадење се пржените гасеници
Пржените гасеници се многу хранливи бидејќи се богати со протеини. Таму исто така се смета дека се деликатеси затоа што се многу вкусни. Овие инсекти се собираат и во текот на зимата, така што совршено се вклопуваат со Божиќ. Локалното население ги јаде како закуска или варени со домати и сос.
2. Во Јапонија, црвено-белата торта е врвот на празничната сезона
Оваа божиќна торта е толку вметната во јапонската култура што буквално ја гледате насекаде: Во реклами, во секоја продавница и на секој агол. Но, ова не е било каква торта – Најпопуларна е белата торта, слична на сунѓер, покриена со шлаг и јагоди. Толку е популарна што има дури постои и емотикон од истата. Ако не ни верувате, проверете во вашиот телефон и уверете се.
3. Во Венецуела, се возат со ролери до прославата
Во Венецуела, уметничкото лизгање се случува на Бадник, и оваа традиција стана толку популарна што властите мораа да ги затворат улиците за сите да можат да лизгаат безбедно. Не е познато само како започна сето ова, но се верува дека ова е алтернатива на санкањето, поради високите температури.
4. На Гренланд јадат кожа од кит и ферментирани морски птици
Локалното население од Гренланд служи специјално јадење наречено „матак“ направено од кожа од кит за време на празниците. Премногу е тешко да се џвака, па затоа обично го проголтуваат цело. Тие исто така имаат „кивијак“, што е сурово ферментирано месо од авкс (вид птици). Ова се смета за деликатес.
5. Во Чешка, жените фрлаат чевли за да дознаат кога ќе се омажат
Според оваа божиќна традиција, немажените жени треба да стојат свртени со грб кон вратата и во зависност од тоа како ќе „слета“ чевелот, тие ќе знаат дали наскоро ќе стапат во брак. Ако предниот дел на чевелот е насочен кон вратата, наскоро ќе заѕвонат свадбените ѕвона. Ако не, ќе треба да почекаат уште малку.
6. Во Шпанија, носат црвена долна облека на новогодишната ноќ и јадат 12 зрна грозје
Шпанија има 2 необични традиции, не на Божиќ, туку на новогодишната ноќ. Прво, треба да изедете 12 зрна грозје на полноќ. И, треба да ги изедете брзо, за само 12 секунди. Како што може да претпоставите, секое грозје претставува еден месец од годината и ако ги изедете сите, ќе имате среќа.
Покрај тоа, не заборавајте да ја носите вашата омилена црвена долна облека за овој настан. Може да биде и чорапи, но правилото е тие да ви биле добиени како подарок.
7. Во Финска долга сесија за сауна на Бадник е задолжителна
На Бадник, Финците се подготвуваат за долга и релаксирачка сесија во сауна пред да се препуштат на задоволствата за време на Божиќната вечера. Се смета дека ова е одличен начин за прочистување, што е многу важно на овој празничен ден.
8. На Исланд, тие нудат нова облека на скоро секого
Исланд нема еден Дедо Мраз, туку 13 Дедо Мразовци, т.н. „Јуле момци“. Тие доаѓаат 13 дена пред Божиќ и оставаат подароци во детските чевли. Нивните родители, Грила и Лепалуди, се 2 популарни фолклорни фигури на Исланд. Тие имаат голема црна мачка, позната едноставно како Божиќна мачка. Легендата вели дека ако не добиете нови алишта за Божиќ, животното ќе ве „изеде“. Затоа, подобро да размислите да подарите барем шал на некого во Исланд.
9. Во Етиопија носат традиционална бела облека на Божиќ
Гана, како што се нарекува Божиќор во Етиопија, се слави на седми јануари. Локалното население обично носи долга, бела традиционална облека позната како „нетела“. Сите се собираат заедно на прославата и пеат и скандираат традиционална музика.
10. Во САД, илјадници луѓе се облекуваат како Дедо Мраз на СантаКон
СантаКон е американска традиција која започна во Сан Франциско во 1994 година, но брзо се прошири и во другите градови во светот. Њујорк е најголемото место на одржување на овој настан. Многу луѓе доаѓаат облечени како Дедо Мраз или кој било друг божиќен лик и сите се забавуваат заедно.
11. Во Норвешка ги кријат сите метли и џогери
Норвежаните имаат обичај да ги сокријат сите метли и џогери на Бадник затоа што постои верување дека може да дојдат вештерки или други зли духови и да ги украдат.
БОНУС: После Божиќ, дефинитивно ќе уживате во „ромјул“, норвешки термин што нема превод
Тоа значи „времето помеѓу Божиќ и новогодишната ноќ кога никој не е сигурен што треба да прави“. Дефинитивно повеќето може ќе се поистоветуваат со овој временски период!