За да имате убава кожа, треба да јадете многу овошје и зеленчук, но знаете ли дека има одредени видови храни, кои се особено корисни за кожата? Благодарение на нив кожата ќе биде здрава и сјајна.

Боровинки

Боровинките се мали, но тие се мали здравствени бомби. Слободно може да бидат наречени и суперхрана, бидејќи се богати како со антиоксиданси и растителни влакна, така и со витамини А и Ц. Јадете боровинки почесто и тоа ќе се одрази прекрасно на кожата.

Јаболка

Јаболката можеби не се модерна суперхрана, но нема ништо поубаво од старото црвено јаболко. Тие содржат најмногу колаген, кој е важен за еластичноста на кожата.

Лубеница

Тие се слатки и освежувачки, а огромното количество вода што ја содржат (цели 90%), и помага на кожата да остане хидрирана.

Банани

Бананите се еден од најдобрите извори на калиум – супстанца која е исклучително важно за одржување на водениот баланс во кожата. Ако не примате доволно калиум, вашата кожа ќе биде сува и без сјај.

Ананас

Во некои култури со векови ананасот се користи како лековито средство. Ананасот е единствениот плод кој го содржи ензимот бромелаин кои ги намалува воспаленијата и отокот на кожата.

Јагоди

Има ли некој кој може да одолее на сад со свежо набрани јагоди? Смело уживајте во нив, бидејќи кожата ќе Ви биде многу благодарна. Овие плодови содржат високо ниво на елагична киселина, која ја штити кожата од ултравиолетовата светлина и ја забавува појавата на брчки.

Папаја

Папајата е полна со витамин А и со ензимот папаин кој помага при разградувањето на неактивните протеини и при отцепувањето на мртвите клетки од кожата.

Киви

Една мала кива содржи витамин Ц колку и еден голем портокал, а витаминот Ц е главен фактор за здрава и сјајна кожа.

Калинка

Исто како боровинките, така и калинките со право се наречени суперхрани. Тие се полни со корисни материи кои го забавуваат стареењето и го помагаат производството на нови кожни клетки.

Цреши

Црешите, освен дека се многу вкусни, тие се и многу корисни за кожата, бидејќи содржат најголема концентрација на антиоксиданси, а овие супстанции се борат со слободните радикали и го забавуваат процесот на стареење.

Компири

Ако имате темни дамки под пазувите, можете да ги извадите со помош на компир. Земете едно парче компир и тријте ги пазувите со него во текот на 10 минути, а потоа измијте го местото со млака вода. Во компирот има киселина која има природни избелувачки својства.