11 работи кои не се безбедни за фрлање во мијалникот, а сепак повеќето од нас тоа постојано го правиме
Кога речиси секој втор човек во светот немаат пристап до безбедна вода за пиење, многу од останатите започнуваат да се прашуваат што можат да сторат за да престанат да придонесат за загадување на водата.
Некои од решенијата се институционални, но некои се токму лични. Повеќето од нас фрлаат работи во мијалникот што не само што можат да предизвикаат затнување, туку и најлошо од сè, можат да го загадат снабдувањето со вода, толку многу што дури ни постројките за пречистување на вода не можат повторно да го прочистат.
Во продолжение прочитајте како да ги избегнете овие навики кои ја загадуваат водата во голема мера, така што ви откриваме работи што не треба да ги ставате во мијалникот. Воедно, на овој начин ќе заштедите отколку постојано да повикувате водоводџија.
1. Производи кои наводно се раствораат во водата, како влажни марамчиња или песок за мачки
Производите, кои компаниите тврдат дека се растворливи и притоа безбедни за фрлање во вода, како влажни марамчиња и песок за мачки, во поголемиот дел од времето, всушност не се растворливи. Тие можат да направат голема хаос во вашите цевки, да ги затнат и да предизвикаат големи проблеми. Но, најштетните ефекти доаѓаат од фактот дека тие ја загадуваат водата со хемикалиите кои ги содржат.
Подобро е е ваквите производи да ги третирате како вообичаени отпадоци и соодветно да ги исфрлате во корпата за отпадоци.
2. Секој вид масло и маснотии
Можеби претпочитате сè да приготвувате со маслиново масло, но обидете се да го истурите вишокот на масло во тегла и да го фрлите складирано соодветно во корпа за отпадоци наместо да го фрлите во мијалникот.
Маслата се соединуваат со останатите отпадоци што се наоѓаат во вашите мијалници и така создаваат густо затнување. Тие се скоро 50% од причината зошто се случуваат одливи на канализација. Овие течности исто така влијаат врз загадувањето на животната средина и стануваат опасност за животните и растенијата, доколку не фрлиме на правилен начин.
3. Производи за чистење
Производите за чистење содржат големи концентрации на тешки хемикалии за да можат ефикасно да се справат со отпадот и да ги отстранат бактериите во вашиот дом, па замислете што можат да сторат доколку успеат да се најдат во одводот. Секако, тие дефинитивно нема да ви ги блокираат цевките, но последиците не се пријатни.
Доколку овие хемикалии дојдат до водниот систем, тие ќе загадуваат и ќе го спречат снабдувањето со вода. Обидете се да го искористите целиот производ пред до фрлите и практикувајте го рециклирањето на празните шишиња.
4. Боја
Доколку сте уметник, запомнете дека некои видови на боја се токсични. Доколку сакате да ја насликате вашата спална соба, без разлика дали станува збор за боја базирана на нафта или вода базирана на вода, потоа истата фрлете ја на соодветен начин.
Количината на токсични материи и хемикалии што боите ги содржат, како биоцид, се толку широко распространети што можат да бидат закана за луѓето, животните и околината доколку навлезат во вашиот локален воден систем. Доколку сте завршиле со бојадисувањето и ви останала боја, останува подобро да ја дадете некому друг, на кој ќе му биде потребна или да ја фрлите во корпата за отпадоци.
5. Талог од кафе
Повеќето сметаат дека талото од кафе содржи сосема мали зрна и затоа истите не можат да создадат проблеми во цевките во кујна. Но, внимавајте: Водоводџиите се согласуваат дека овие мали зрни може да се заглават во цевките, да се измешаат со други видови отпад како масло и да создадат вистински хаос. Тоа е всушност една од главните причини за затнатите цевки.
Она што можете да направите наместо да го фрлите во мијалникот е, или соодветно да го фрлите во корпата за отпадоци или повторно да го употребите: како природно домашно ѓубриво.
6. Секаков вид на лекарства
Апчиња, капки и други лекови може да не предизвикаат проблеми со цевките, но тие се едни од најчестите загадувачи на животната средина.Некои животни, како риби кои биле изложени на контакт со оптадоци од лекови, го менуваале нивниот развој и однесување. Едноставно фрлајте ги лековите соодветно во корпата за отпадоци, заедно со останатото ѓубре.
7. Масло за автомобили
Како вид на лубрикант, маслото ќе ги затне вашите цевки бидејќи тоа се всушност токсични производи и ако завршат во нашиот екосистем, тие можат да имаат сериозни негативни ефекти врз животната средина.
8. Лепливите налепници на овошјата и зеленчуците
Не многу луѓе ги фрлаат овие ситни налепници во мијалникот во кујната, но оние што ја имаат оваа навика, треба да внимаваат. Тие не се безопасни, а најмалку што можат да сторат е да ги затнат цевките на вашиот дом. Доколку завршат во водниот систем, може да не бидат соодветно филтрирани и отстранети и така ќе го пронајдат својот пат кон океанот и да им наштетат на животинскиот свет со нивниот хемиски лепак и пластичните слоеви. Накратко, тие се само уште еден вид пластично загадување на животната средина.
Секогаш потрудете се да ги фрлите соодветно во корпата за отпадоци.
9. Секаков вид неприготвено месо
Доколку мислите дека само малку од тоа пилешко место е безбедно да го фрлите низ мијалникот во кујната, размислете повторно. Фрлањето неприготвено месо во мијалникот ги прави цевките бескорисни и го поттикнува нивното натамошното затнување. Она што исто така е вознемирувачко, е дека мирисот на месо кое гние може да биде многу непријатен и да ви пречи да ја користите вашата кујна.
И месото соодветно фрлајте го складирано во корпата за отпадоци, а доколку се затнало парче од истото во цевките, тогаш повикајте водоводџија.
10. Млеко
Немојте да го истурате млекото или млечните производи во мијалникот, во вашата кујна. Ефектот на загадување од ваквиот процес е толку значаен што некои влади како во Велика Британија имаат дури и регулативи за контрола на отстранување на млеко, бидејќи големи количини на овие производи исфрлени во водата може да придонесат за искоренување на популацијата на риби.
Доколку веќе не планирате да го користите млекото во течна форма, обидете се да го употребите во рецепт или купувајте го во помали колични, за да може целото да биде консумирано.
11. Било кој козметички производ
Како и со многу од производите наведени погоре, некои од козметичките може да содржат хемикалии што можат да се инфилтрираат во системот за вода. Некои од овие не можат да бидат елиминирани при пречистувачките станици, така што хемикалиите се ослободуваат во екосистемот.
Иако можеби мислите дека излевањето на стариот парфем во мијалникот, во бања нема да има штетен ефект, сепак овој процес може да ја загрози безбедноста на животинскиот свет. Наместо тоа, искористете го козметичкиот прозвод целосно или подарете го на некоја ваша пријателка.