11 работи што треба да ги знаете пред да одите на ласерско отстранување на влакна
Сите ние понекогаш можеме да бидеме мрзеливи и тоа е оправдано. Никој не сака да стане рано наутро за да се избричи пред да тргне на работа и потоа да влезе во тесните фармерки кои ќе ја „полудат“ кожата од чешање, или пак да одвовите време најмалку еднаш во месецот за да одите на болна депилација со восок. Сите бараме едноставно решение, а благодарение на технологијата тоа не е далеку од нас!
Ласерското отстранување на влакна стана одлично решение за жените кои сакаат еднаш и засекогаш да им кажат „Збогум!“ на несаканите влакна. А пред да го закажете вашиот третман во реномирана ординација, ова се 11-те работи кои треба да ги знаете за најефикасниот метод за отстранување на влакна:
1. Ласерско отстранување на влакна всушност не работи со користење на „магија“
За овој третман препорачано е да се користи моќен ласер кој што се користи во медицински цели и има подесувања прилагодени на вашата кожа и тип на влакна. Ласерскиот концентриран зрак на светлина е насочен кон пигментот во фоликулите на влакната. Ова го убива фоликулот во неговиот корен, спречувајќи ги влакната да се вратат назад.
2. Не се сончајте пред третманот
Најмалку четири недели пред третманот, да бидеме пропрецизни. Не треба да имате изгореници од сонцето или пак да бидете исончани. Исто така треба да избегнувате да се изложувате на сонце веднаш по третманот, освен кога се работи за диоден ласер. Кога третманот се прави со диоден ласер можете веднаш да се изложите на сонце.
3. Трпението се исплати
Потребни се две или три недели по првиот третман да се види разликата и 6 -12 третмани за да се добие целосен резултат. Специјалистите во ординација „Д-р Анчевски“ ќе направат професионална проценка на типот на кожата и влакната и врз основа на тоа ќе биде одредена јачината на зракот и бројот на третмани. За успешен резултат битно е кој ве третира и со каков ласер ве третира, препорачливо е да одберете диоден ласер.
4. Мора да ја избричите областа која планирате да ја третирате со ласер
Не одете на третман носејќи ги со вас вашите „раскошни“ влакна. За ласерската епилација не важи истото како за онаа со восок. Исто така не се препорачува да одите на овој третман по депилација со восок. Запомнете: Ласерот е насочен кон пигментот на фоликулот на влакното, и фоликулата всушност мора да биде таму за да може да функционира. Најдобро е да се избричите еден ден пред третманот.
5. Вашиот третман може да потрае од 20 минути до еден час
Сѐ зависи од областа која ја третирате. Пазувите и бикини областа имаат тенденција да бидат брзи третмани, но други области како нозете или грбот можат да траат подолго.
6. Ако сакате да ги видите резултатите, мора да бидете доследни
Има добра причина за ова. Фоликулите на влакната имаат свој циклус на раст. Луѓето кои ги гледаат најдобрите резултати обично одат на третман на секои шест до осум недели, со цел да го максимизираат потенцијалот на затворање на најмногу фоликули. Оваа временска рамка им овозможува на мртвите влакна да се повлечат сами од себе.
7. Третманот не е толку болен како што мислите
Сигурно сте слушнале од некого дека третманот мора да е болен штом трајно ви ги отстранува влакната. Сепак болката наликува на удар од ластик или допир на топол предмет и дефинитвно е помалку болно од депилацијата со восок. Исто така болката е различна во различни делови од телото, некаде е можно воопшто да не почувствувате ништо.
8. Не треба да одите да вежбате веднаш по третманот
Топлината од ласерот останува во вашата кожа во тек на 24 часа, па во овој период заборавете на фитнес сали, сауни, топли тушеви. Ако практикувате некоја од овие работи, ризикувате да создадете пријатна средина за бактерии кои ќе можат брзо да се размножуваат.
9. Ласерско отстранување на влакна има повеќе од една корист
Ласерско отстранување на влакна може да им помогне на луѓето кои имаат проблеми со поткожни влакна. Како се намалуваат влакната така се намалува и проблемот со поткожни и враснати влакна.
10. Функционира за сите типови на кожа
Не е важно каков тен на кожата имате. Овие ласери се прилагодуваат и професионалците ќе го одредат најсоодветниот третман за вас.
11. И за крај прашањето кое ги мачи сите… Дали овој третман е безбеден?
Ласерското отстранување на влакна е FDA одобрен третман, но е безбеден и ефикасен третман кога се изведува САМО во просториите на сертифицирана дерматолошка ординација.
Доколку и вие сакате да се ослободите од несаканите влакна и да заблескате во полно светло, обратете се кај вистинските професионалци. Јавете се на 02/ 321 66 08 и закажете си врвен третман за ласерско отстранување на влакна во Др Анчевски.