Дали некогаш сте се запрашале како славните личности секогаш изгледаат неверојатно и покрај возраста? Тие можеби имаат армија од експерти за убавина, но основите за ефективна грижа се едноставни и достапни за секого.

1. Не ги намалувајте придобивките од кремата за сончање.

Убава и здрава кожа не може да се постигне без редовна употреба на сончање. Мами Мекдоналд, експерт за козметика кој работел со Мадона, вели дека сите други напори што ќе ги направите ќе бидат залудни ако го занемарите ова правило. Уште еден познат козметичар, д-р Лансер, советува за употреба на крем со SPF не помалку од 30.

2. Кога имате воспаление кожата не треба да е сува.

Повеќето креми за црнки содржат бензоил пероксид кој ја суши кожата, го влошува воспалението и го зголемува производството на себум. Алкохолот дејствува слично, така што нема да се ослободите од црнките. Д-р Харолд Лансер препорачува да се сврти вниманието кон ексфолирање со салицилна или млечна киселина и маски за чистење со глина.

3. Никогаш не го заборавајте вратот.

Вратот е дел од телото на жената што секогаш ја „издава“ возраста. На вратот му е потребна исто толку нега колку и на лицето.

4. Втријте коцка мраз во Вашата кожа.


Овој едноставен трик ја стимулира циркулацијата, а вашата кожа почнува позитивно да блеска.

5. Правилно чувајте ги Вашите производи за убавина.

Кремите за лице и другите додатоци за убавина кои не ги користите често треба да се чуваат во фрижидерот.

6. Сè што ја допира Вашата кожа нека биде чисто

Менувајте ја навлаката на перниците на една недела доколку имате нормална или сува кожа, а доколку имате мрсна на три дена. Исто така редовно чистете го екранот на вашиот мобилен телефон.

7. Не користете сунѓери на лице, особено ако сте подложни на појава на акни.

Ова само води кон поголемо воспаление. На секој тип на кожа му е потребно деликатно чистење без сапун и да се намали црвенилото и воспалението, да се нанесе вода и аспирин-паста.

8. Масажата на лицето ќе ви помогне да се ослободите од темните кругови под очите.

Постапката го стимулира лимфниот проток, кожата се измазнува а „кесите“ исчезнуваат. Освен тоа можете да ја правите и дома бидејќи е лесна и едноставна.

9. Грижете се за рацете.

Обидете се да ги извршувате домашнире работи со ракавици и секогаш по работата да ставате крема за раце.

10. Исчистете ја кожата темелно.

Дерматологот Дебра Јалиман посочува дека не треба да спиете со шминка. Ако го направите тоа, ќе завршите со затворени пори и воспаленија.

11. Секогаш спијте без градник.

Градникот, особено тесен и со жици ја ограничува циркулацијата на крвта, што доведува до здравствени проблеми. Покрај тоа, тој предизвикува иритација на кожата и немирен сон поради непријатност.