12 грешки при уредувањето кои може да ја нарушат удобноста на домот
Додека го планираме распоредот на нашата куќа пред да се вселиме или да направиме реновирање, ние често сонуваме за нејзината идна пријатност и удобност. Но, кога сите наши идеи ќе оживеат, можеме да забележиме дека некои одлуки не биле најпаметни како што сме мислеле.
Тајната е во деталите. Токму во продолжение ви откриваме кои се 12-те најчести грешки кои повеќето ги прават и притоа споделуваме стручни совети како истите да ги избегнете при уредувањето на вашиот простор за живеење, со цел да не ја нарушите неговата неудобност.
1. Избирање апарати без претходно мерење
Купување тенџериња, тави, процесори за храна, па дури и микробранови, без претходно мерење, ќе доведе до тоа тие да не одговараат на вашиот кујнски простор, со што потоа ќе бидете приморани да ги поставите на сосема несоодветно место. Решението е едноставно: претходно изберете апарати, направете детално мерење и обратете внимание на начинот на отворање на апаратите, осигурувајќи се дека вашиот распоред на кујната може да ги собере.
2. Имате само еден извор на светлина
Можеби е практично, но навистина не е доволно за да ја осветли целата просторија, плус визуелно ви го намалува просторот. Најдоброто решение, според експертите, е да ги распределите светлата преку различни извори на светлина, поставени на различна висина, како подни и столни ламби. Исто така, секогаш избирајте бели светилки.
3. Купување на целиот мебел од исто место
Тоа е исто како да ја купите целата облека што ја носи куклата на излогот. Изгледа добро, но апсолутно може да го уништи вашиот простор. Експертите советуваат постепено додавање мебел и декоративни елементи. Собата или целиот дом треба да се уредува со текот на времето, при што значајни предмети полека ќе се додаваат. Ова ќе му даде на вашиот дом поорганизиран изглед.
4. Купување на многу евтини, мали елементи и предмети и натрупување на просторот
Луѓето купуваат многу мали парчиња мебел или додатоци за да избегнат инвестирање во голем предмет, како што е одличен тросед или неверојатно уметничко дело. На крајот, малите нешта чинат исто толку, а просторот се чувствува пренатрупан отколку пријатен. Дизајнерите за ентериер препорачуваат купување парчиња кои служат за повеќе намени. Мала работна маса во вашата спална соба може да се користи и како ноќна маса. Столот на вртење во дневната соба може да се сврти за да гледа кон телевизорот или кон прозорецот. Помалку на број, но подобри на квалитет елементи ќе ви служат многу години, а просторот ќе биде многу попријатен.
5. Користење на повисоки поткренати кревети за деца
Креветите за деца треба да бидат распоредени на начин на кој детето може да се качува и да излегува од нив без никаква помош од возрасните. Тоа не е само безбедносно прашање, туку и вистинскиот начин да се организира детска соба со цел да се направат децата понезависни и да им се помогне побрзо да ги научат и совладаат работи.
6. Неправилно поставување на кујнски мебел
Ова е веројатно едно од најболните прашања: удирање со главата на површината или вратата од кујнскиот ормар што е поставен над главата. Дизајнерите за ентериер тврдат дека ова се случува поради неправилно мерење на длабочината и ширината на кујнските ормари. Тие советуваат да користите специјален калкулатор кој ќе ви ги каже пропорциите што треба да ги користите за да избегнете било какви грешки.
7. Површини за кујнски мебел што се на несоодветна висина
Висините на кои се поставени повеќето кујнски елементи се често премногу високи или прениски за многу луѓе, што најчесто им предизвикува со појава на болки во вратот и притисок во рамениците при готвењето или миењето на садовите. Експертите советуваат да се направат вистинските мерења на висината пред да се инсталираат кујнските елементи. Ако веќе ви се случи овој проблем, постојат 2 привремени решенија: ако елементот е премногу низок, поместете ја даската за сечење и ако е премногу висок – исправете го вашето тело.
8. Чување на најкористените кујнски апарати на едно место
Лошо организираните кујнски апарати може да доведат до непрактична рутина за готвење и процесот на готвење може да се претвори во вистински предизвик. За да ги избегнете овие непријатни ситуации, дизајнерите за ентериер предлагаат да направите мапа на вашите кујнски апарати и да ги поставите таму каде што има смисла и одговараат на вашата рутина за готвење. Клучниот совет за подобра организација е да имате предвид дека секој простор при кој можете за да закачите нешто, истовремено ќе ослободи простор во самите елементи.
9. Избирање на шарени ѕидни панели за кујната
Ѕидниот пантел со шари нема да трае и да има долго убав изглед како што би имал обичниот чист ѕиден панел, тврдат дизајнерите за ентериер. Тешко се исчисти и кога и ќе сакате да го реновирате вашиот ентериер, или ќе мора да се прилагодите на стилот на панелот или целосно да го замените. Покрај тоа, тоа ќе направи вашата кујна да изгледа премногу натрупана со детали, па затоа се препорачува да користите чист тон за панелите или да изберете панели што имаат нијанси што одговараат на вашите кујнски елементи.
10. Не зголемување на вертикалниот простор на ѕидот
Во малата кујна, секој дел од просторот се брои, а вашите ѕидови нудат вреден простор за складирање. Поставување на шкафовите повисоко до таванот може да биде добро решение за максимизирање на потенцијалот за складирање во една компактна кујна. Ако не ви се допаѓа идејата за редови на шкафови со затворени врати, секогаш можете вметнете отворени класични полици.
11. Не планирате за во иднина додека ја дизајнирате вашата бања
Ако сметате дека засекогаш ќе останете во тој дом, тогаш е добра идеја да размислите за уредување на бањата така што истата да биде безбедна и функционална за сите години, особено кога ќе остарите. Нелизгачки површини, рачки за зафаќање, рамни тушеви за влегување може да го олеснат движењето и користењето на бањата. Ако не сте подготвени за тоа, размислете да оставите функцуонален простор за да може ги додадете овие детали подоцна.
12. Игнорирање на поставеноста на цевките при купување на елементи и апарати за вашата бања
Постои важно прашање што може да се претвори во катастрофа: Каде одат вашите цевки? Вашиот тоалет треба да биде оддалечен максимум 6 метри од одводот за да се овозможи правилно одводнување. Тушевите и мијалниците треба да бидат оддалечени најмногу 4 метри. Експертите препорачуваат да размислите за тоа како помалите цевки ќе стигнат до одводот, и само по ова да започнете да го планирате распоредот на бањата, бидејќи тоа ќе ви заштеди пари и нерви во иднина.