12 храни со кои слабеам
Кисели краставички, јаболка, ореви и житарки се само дел од храната кои ќе ве заситат подолго, а желбата за друга храна ќе биде минимална.
Чили
Најновите истражувања покажуваат дека лутите зачини помагаат за намалување на апетитот. Оние кои во своето јадење додале ¼ лажица лут црвен пипер брзо се чувствуваат сити и задоволни. Научниците во една студија го намалиле дневниот внес на храна на 75 проценти од препорачаното, но во јадењата додале лути зачини. Никој од испитаниците немал потреба од повеќе храна во споредба со оние кои јадат 100 проценти препорачана дневна количина храна, без зачини.
Грашок, леќа и грав
Грашок, леќа и грав се храни богати со растителни влакна, антиоксиданси, витамин B и железо. Мени, во кое ќе ги вклучите овие намирници лесно ќе го контролира апетитот и долго ќе останете сити.
Јаболка
Зарем треба да пишуваме за добрите ефекти на јаболката? Ако изедете јаболко половина час пред главното јадење ќе имате помал апетит, бидејќи тоа ќе ве “наполни” со вода и растителни влакна.
Супа
Луѓето кои за ручек прво јадат супа го намалуваат вкупниот внес на калории од храна. Супите обично се нискокалорични и вкусни, заземаат доста место во стомакот и нема да почувствувате потреба од многу храна.
Вода
Симптомите на глад и жед се многу слични. Понекогаш можеби само сте жедни или чувствувате малку глад. Пијте доволно вода дневно, за да бидете хидрирани, освен тоа водата ќе ви ја врати енергијата, ќе ви се подобри расположението и когнитивните способности. Дали чувствувате потреба за нешто слатко? Тогаш испијте чаша вода и почекајте 10 минути. Шансите дека гладот ќе помине се големи, а вие нема да додадете вишок килограми.
Краставички
Не само кисели краставички, но и обични ќе ви помогне да го намалите внесот на калории. Тие содржат масни киселини кои ја подобруваат врската помеѓу стомакот и мозокот па го намалуваат производството на хормон кој сигнализира за апетит. Истовремено содржат пробиотици кои го подобруваат варењето.
Јајца
Протеините од јајцата ќе ве направат сити до следниот оброк. Истражувањата покажуваат дека класичниот појадок (јајца и сланина) долго го одржува човекот сит, го намалува гладот, а поради тоа во текот на денот јадеме помалку.
Црна чоколада
Црното чоколадо заситува и поради тоа ќе јадете помалку. Чувствувате потреба од нешто благо, каснете од црната цоколада, а не млечна. Освен тоа што нема да јадете многу, поволно дејствува на крвниот притисок и ќе го заштити срцето и мозокот.
Сурутка
Протеинот од сурутка се смета за еден од најздравите, а оние кои јадат или пијат велат дека не чувствуваат глад во следните неколку часа. Може да се употребува во комбинација со млеко, сок, чај, како додаток во разни печива, десерти, месни производи и сосови, но во секој случај добро проверете што купувате.
Ореви
Тие се природно решение да престане гладот, поради заситените масни киселини, протеини и влакна. Со нив долго ќе останете сити, а ако јадете со јаглехидрати, овошје и мусли, варењето ќе се забави и ќе се регулира шеќерот во крвта, поради што нема да имате потреба за благо.
Мусли
Во споредба со останатите житни култури, ова дава долго чувство на ситост, ако се суди според досегашните анкети. Богато е со растителни влакна, протеини и бета глукан. Покрај тоа, по него ќе останете сити и нема да добиете напад на глад.
Авокадо
Ако изедете половина авокадо со ручек ќе се чувствувате сити и нема да имате потреба од јадење. Поради составот многу брзо ќе ве засили и со него сигурно ќе ги пропуштите сите нездрави калории помеѓу оброците.