12 класични парчиња облека кои ќе ви помогнат да ја решите вечната дилема што да носите секој ден
Имањето многу парчиња во вашиот плакар, може да го направи изборот на секојдневна комбинација еден навистина фрустрирачки процес. Не е случајно што некои од најуспешните луѓе во светот избираат да носат иста облека секој ден.
Кога станува збор за неговата облека, дури и познатиот моден дизајнер Мајкл Корс сака да се држи до носењето „униформа“, како што рече еднаш во едно интервју.
Во продолжение ви откриваме кои 12 парчиња спаѓаат на листата на безвременска класика, како едноставни а сепак модерни дизајни, кои ќе ви помогнат да ја решите вечната дилема што да носите во било која пригода и општо, секој ден.