12 начини како да се ослободите од грините кои ги окупираат вашите душеци
Грините се доволно итри да се сокријат од дневната светлина, сместувајќи се во пукнатините од креветите, што значи дека овие штетници никако не смеете да ги потцените.
За среќа, вие можете да бидете попаметни од нив и на ефикасен начин да ги елиминирате, а еве како:
1. Со пареа
Според Технолошкиот оддел за ентомологија, пареата е одличен начин да се ослободите од грините. Таа ќе ги натера истите да излезат од пукнатините во кои се сокриле, а доволно високата температура, може да биде фатална по нивниот живот.
2. Целете кон грините со фен
Како и претходно со пареата, така и високата температура постигната со помош на фенот може да ги убие грините. Тие често под душеците можат да остават и јајца, па така, насочете го фенот кон истите и конечно и целосно ќе го решите проблемот од корен.
3. Поставете леплива лента
Пронајдете ја патеката на грините и поставете леплива трака по истата линија. Грините ќе се залепат на истата, а по некое време, немајќи храна, ќе умрат од глад. Лепливата лента често заменувајте ја со нова,
4. Сушете ја облеката на висока температура
Иако облеката штотуку сте ја купиле и е сосема нова, сепак мора пред облекување, да ја ставите во машината за алишта, а потоа колку што е можно побрзо, исушете ја на висока температура. На овој начин, грините кои се сокриле во облеката, ќе имаат фатален крај.
5. Нанесете силиконски гел
Далиги знаете оние мали пакетчиња кои доаѓаат со кутијата на новите купени чевли? Тие мали пакетчиња содржат силиконски гел во форма на ситни топчиња. Наместо да ги фрлате, зачувајте ги и користете ги во борбата против грините. Според истражувањата, гелот предизвикува грините да дехидрираат и умрат.
6. Чувајте ја облеката во пластични ќеси
По нивното перење, сушење и пеглање, складирајте ги алиштата во пластични ќеси или пластични навлаки. Овој начин ќе ви послужи како превентива против грините.
7. Направете замка со сув мраз
Според научниците на Универзитетот Рутгер, сувиот мраз може да ги убие грините, ослободувајќи јаглероден диоксид, кој ги привлекува инсектите. Можете да направите замка, нанесувајќи од сувиот мраз на местата каде што се сместени или се движат грините.
8. Направете домашен спреј од оцет
Оцетот содржи оцетна киселина, која има штетно влијание врз нервниот систем на инсектите, па можете да го користите и во борбата против грините. Наполнете празно шише со оцет и напрскајте директно врз штетниците. Исто така, нанесете бел оцет на површините и влезот од каде би можеле инсектите да дојдат.
9. Измешајте пиперна сол, оригано и ѓумбир
Уште еден спреј направен од домашни состојки може да ви помогне на брз и ефикасен начин да се ослободите од грините. Измешајте пиперна сол, оригано и ѓумбир со вода, ставете ја смесата во шише и целете кон инфицираните површини. Силниот мирис на смесата ќе ги уништи инсектите.
10. Користете есенцијални масла да направите домашен пестицид
Според истражување спроведено од Ентомолошкиот Центар во Америка, производите кои содржат есенцијални масла како масло од нане, рузмарин, цимет, глуварче, лимон и слично, можат да бидат фатални за грините. Во домашни услови, измешајте повеќе масла по ваша желба, со вода и напрскајте на потребните места.
11. Нанесете пур пена по рабовите на просториите
Грините имаат тенденција да се вовлекуваат во домот преку пукнатините на прозорците, ѕидовите, вратите и слично, па најдобро решение е истите тие отвори да ги прекриете и заштитите, така што веќе инсектите ќе немат отворен пат за влегување во домот.
12. Користете црн чај од орев
Црниот чај од ореви содржи состојки кои ефикасно ќе помогнат да се ослободите од грините и јајцата што ги оставиле во вашиот дом. Можете едноставно да поставите ќесички од чајот насекаде низ домот, а вториот начин е приготвениот чај да го ставите во шише и да напрскате на зафатените површини.